Питер Вер Хигс (Peter Ware Higgs) е англиски теоретки физичар, познат по предвидувањето на честичката која го носи неговото име – Хигс-бозон, односно како предлагач на појавата наречена нарушување на симетријата кај електрослабата теорија, со кој се опишува настанокот на масата на елементарните честички, особено осврнувајќи се на W и Z бозоните. Оваа појава истовремено ја предложиле уште неколку физичари, но денес се нарекува Хигсов механизам и го предвидува постоењето на честичката Хигсов бозон, опишана како „најбараната честичка во современата физика“.