Дарбата и истрајноста кај некои луѓе не е селективна и ограничена само на некој тесен обем на афинитети, туку се искажува низ повеќе области, делумно, можеби, и поради егзистенцијални потреби. Меѓутоа, поривот, нескротлив, иако понекогаш останува придушен, наоѓа начини да избликне сам по себе и да причинува пријатни задоволства на неговите носители, надвор од секојдневното опстојување на индивидуата. Поривот ги наведува луѓето на чудесни нешта.