Омнибус

Нека биде светлина!;
Hummer H3 - кога големината (не) е примарна;
Пронајден гробот на Никола Коперник?;
Порше-Македонија: враќање на гигантите;
Небески ветерници!?;
Total Print Management на HP за подобар бизнис;
Изработено првотоогледало за Големиот магеленов телескоп;
Разговор во живо;
Два остатока од супернова еден до друг;
Макетарски натпревар "Ниш 2005";
Хабл бара погодни локации на Месечината;


Автомобилска техника

Неоплан Старлајнер со својот уникатен и препознатлив дизајн е несекојдневна појава која не може да се сретне во автобуската индустрија и тоа не само со надворешниот изглед, туку и со инвентивното внатрешно уредување, кое на патниците им гарантира посебно задоволство и чувство на "вселенско" патување на највисоко ниво. Со новиот Старлајнер, Неоплан уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција во автобуската индустрија.


Аеронаутика

Ултралесните авиони се светски тренд кој полека навлегува и во Македонија. Во ЕМИТЕР 7-8/05 и 9/05 ви го претставивме ултралесниот авион "Савана" направен во самоградба од страна на битолчаните Дејан Трајковски и Михајло Атанасов. Во овој број ви го претставуваме ултралесниот авион "МАЈА" во сопственост на прилепчанецот Дејан Пеливановски.


Астрономија и астронаутика

Потрагата по вонземска интелигенција го достигнала својот врв во 70-тите години на 20. век, кога се вршеле најконкретните барања и се постигнале најголемите успеси на ова поле. Забележан е најсилниот и најјасниот вонземски сигнал, а исто така кон барањето се приклучила и американската вселенска агенција - НАСА, која имала пристап кон многу повеќе ресурси отколку кое било друго барање. Во овој дел ќе можете да прочитате зошто 70-тите години на минатиот век биле т.н.


Астрономија и астронаутика

Од овој број "Небото над Македонија", нашиот водич за астрономите-аматери, ќе оди со нова концепција. Во текстот ќе ги нема оние "сувопарни" бројки за споменатите небески објекти, но затоа ќе има наши препораки што можете да гледате на ноќното небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Веруваме дека со ова рубриката "Небото над Македонија" ќе биде многу поблиска до повеќето читатели.


Астрономија и астронаутика

За американското слетување на Месечината се знае речиси сî - постојат мноштво податоци во сите медиуми. Но, речиси ништо не се знае за плановите на поранешниот Советски Сојуз за слетување на советски космонаути на Месечината. Овој текст ќе фрли светло (од полната Месечина) врз овие мрачни предели.


Аудио и видеотехника

Секој човек си има свој животен пат и своја приказна. На тие врвици избликнува дарбата и желбата да се успее во работа која за наши услови е несекојдневна. Кон тоа се надоврзуваат и егзистенцијалните потреби кои принудуваат на упорна и непрекината работа со денови и со ноќи. И во тие темни, непроспиени ноќи да се гледа светла иднина е одлика на луѓе кои не сакаат да им се поместат од патот на неволјите.


Аудио и видеотехника

По својата градба и по можностите со кои е пребогат, овој процесор заслужува внимание. Впрочем, меѓу професионалните тонски инженери веќе 15 години нашироко е познато дека називот "SPX" е синоним за "професионален мултиефект процесор"; познатите модели SPX90, SPX9011, SPX900, SPX1000 и SPX990 уште се среќаваат во студијата.


Аудио и видеотехника

Деновиве од СЕТ компјутери добивме на тест четири МП3-плеери од производителот Inno Vision Multimedia Limited. Се работи за произведувач чија специјалност се мултимедија уреди и графички картички за PC, така што нашите очекувања не беа многу големи, но она што го добивме вистински нè изненади.


Електроника

Индустријата многу штедливо се однесува при производство на каков било електронски уред. При проектирање на засилувачи на моќност таа најмногу штеди на скапите компонети како што се: трансформатор(и), мрежни филтри, филтерски електролитски кондензатори, првокласни транзистори на моќност, ладилни тела, пакување и др. Во првиот дел ги обработивме првите три ставки и предложивме соодветни решенија со цел да го подобриме квалитетот на уредот. Во овој дел ќе ги обработиме останатите три.


Електроника

Микробрановата печка е еден од апаратите за домаќинство на кој се приоѓа со неоправдана доза на страв и недоверба. Дали има причина за таков приод ќе дознаете ако детално се запознаете со принципот и со основните правила за нејзината работа и начинот на севисирање за оние што можат и сакаат да се занимаваат со тоа. Ако сте сервисер на апарати за домаќинство, овој напис ќе го дополни и збогати вашето искуство.


Електроника

Речиси секој дигитален фотоапарат има сопствен блиц, но ретко кој има приклучок за додавање на уште еден дополнителен. Сепак, за да се добие квалитетна слика, во одредени ситуации е неопходно малку повеќе светлина од она што го дава блицот на фотоапаратот. Помошниот блиц е решение за таквите ситуации.


Електроника

Имајќи ја предвид малата големина на SMD отпорниците и кондензаторите класичното означување на нивната вредност станува невозможно, па затоа тие се обележуваат со троцифрен или четвороцифрен коден број или со комбинација на цифри и букви. Доколку не знаеме што точно претставува секоја цифра или буква, постои голема веројатност да погрешиме во отчитувањето на вредноста. Во овој напис ќе се запознаеме со најзастапените методи за означување на SMD отпорниците и кондензаторите.


Електроника

Верувам секому му се случило станувајќи во темницата да се удри од некој дел од мебелот. Ваквите проблеми делумно се избегнуваат со столна ламба покрај креветот во спалната, но во темницата често пати таа столна ламба тешко е да се пронајде и вклучи. Згора на тоа нивната релативно силна светлина може да ги разбуди останатите во собата. Решение на сите овие проблеми е нашата ноќна ламба со автоматско вклучување и исклучување.


Електроника

Ова едноставно коло произведува звук сличен на ѕвонењето на фиксните телефони и претставува одличен пример за практична примена на осцилатори за правоаголен сигнал со операциски засилувачи.


Електротехника

Флуоресцентните ламби се ламби со празнење со гас под низок притисок, во кои невидливото ултравиолетово зрачење што се создава при празнењето се претвора во видливо зрачење, светлина, со помош на присутниот фосфор. Откако флуоресцентните ламби првпат се појавија во триесеттите години од минатиот век, тие доживеаја силен развој.


Енергетика

Во ЕМИТЕР 5/05 прикажавме едно конкретно решение на комбиниран систем на електрично напојување составен од еден фотонапонски панел, ветерна турбина и два акумулатора од по 12V/130Ah, за прв пат инсталиран пред повеќе од четири години од страна на фирмата Сието во викендичка во општина Илинден. Во овој број ќе прикажеме друг начин на искористување на алтернативното напојување, овој пат не за потребите во домаќинството, туку за испумпување на вода и формирање на мала вештачка акумулација.


Информатика

Дали сте размислувале за поставување на сопствен WEB-сајт? Како би изгледало кога би имале сопствена презентација на Интернет? За оние кои имаат свој бизнис поставувањето на WEB-сајт, простор каде што ќе ја презентираат својата понуда на бизнис светот, е од големо значење. Интернетот е идеално "место" за маркетинг. Предностите се големи. Од друга страна, има и многу поединци кои би сакале да се претстават себеси во "виртуелниот простор".


Информатика

Некаде на почетокот на месец октомври, во јавноста храбро се појави 10.издание од популарната дистрибуција на Linux оперативните системи, SuSE Linux 10.0. Кога се одлучив да пишувам за оваа дистрибуција вниманието ми го одвлече фактот дека Novell (сопственикот на SuSE) се реши своето корпорациско издание на 10. верзија од оперативниот систем да го создаде како прво издание на openSuSE проектот.


Информатика

Зошто да користиме Пивот-табели? Нивната основна намена е креирање на графикони, извештаи или добивање на потребни информации кои не можат да се согледаат со вообичаениот начин на прикажување т.н. табеларен приказ.


Информатика

Дали некогаш сте посакале да креирате WEB-страница што ќе претставува рај за очите на Интернет- посетителите. Нека снегот кој неодамна го имавме ви претставува инспирација за да ја направите вашата прва WEB-страница на која непрекинато ќе паѓа снег. Затоа не чекајте, облечете нешто потопло и започнете ја вашата снежна авантура ;-).


Информатика

Борбата за тронот повторно се враќа во светот на графичките картички nVidia со GeForce 7800GTX против ATI со RadeonX1800XT. Најновата технологија во споредба, изборот е ваш!!


Физика

Во последно време на вратите од современата наука чука најновото интелектуално чудо - Теоријата за струните, претендент да ги обедини двете најголеми, но парцијални достигнувања на науката во 20-от век: теоријата за релативитетот и квантната теорија. Таа отвора можност за унифициран опис на сета физичка стварност за природата на светот, па ја нарекуваат и "'теорија за сè".


Макетарство и моделарство

Од овој број на ЕМИТЕР започнуваме со серија написи во кои детално ќе ги опишеме постапките и начините со кои ќе постигнеме поголема точност и веродостојност на секој од склоповите на дадена макета одделно, сî до финиширање на истата онаква каква што треба да биде складирана во вашата витрина, за да го краси вашиот работен и животен простор. Речиси за секоја макета, процесот на нејзино составување започнува со склопување, боење и деталирање на внатрешноста.


Воена техника

Специјалните наменски возила, модифицирани од компанијата Ибис Тек, надворешно изгледаат како секое превозно средство, но во дадена ситуација за само неколку секунди истите стануваат опасно борбено возило, со кои може да се изненадат и одвратат сите потенцијални напаѓачи.


Писма
Сензори за бројачот на импулси
Програмирање на микроконтролерите
Кабелски засилувач
Мостен засилувач со LM3886T
Досег на хибридните радиомодули
Претплата, транзистори и вуфер