Рубрика: Астрономија и астронаутика
Енигмите на суперновите
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една истражувачка екипа астрофизичари извршила прва 3-димензионална компјутерска симулација на експлозија на ѕвезда (супернова), со надеж дека тоа ќе ги одгатне постоечките енигми: како настанува ударниот бран кој го разнесува надворешниот слој на ѕвездата и многу чудната асиметрична експанзија на облакот од гасови, оддуван од експлозијата.

Да се потсетиме, ѕвездите од средна категорија го завршуваат својот "живот" во гигантска експлозија наречена супернова и тогаш во едно кусо време тие блеснуваат со сјај поголем од сјајот на целата галаксија во која тие припаѓаат. Досега астрофизичарите ги проучувале сложените физички процеси кои се одвиваат кај суперновите со опсервабилни методи и со теоретски компјутерски симулации во дводимензионален простор (2D). Но, на тој начин тие можеле да објаснат само некои сегменти од механизмот на суперновата, па останале извесни енигми во процесот, кои веќе 40-тина год. одбегнуваат да бидат одгатнати. Но, во најново време една екипа истражувачи од Макс Планк (Max Planck) Институтот за астрофизика во Гаршинг (Garching), Германија, реализирала прва компјутерска симулација на супернова во 3 димензии (3D), што дава надеж дека тоа ќе помогне тие енигми конечно да бидат одгатнати.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.