Рубрика: Аудио и видеотехника
ТВ камери со поглед кон иднината
Автор: Доне Аспровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во текот на многу години ТВ камерите го достигнаа вистинскиот врв на перформанси што се бараат од 625-линиската телевизија и пазарот нема видено некој голем број нови модели или унапредувања во досегашниот период. Можеби сè до денес. CD чиповите во денешните камери имаат одлична резолуција, многу подобра од онаа што му е потребна на PAL системот, но во денешно време производителите имаат нови предизвици и (за жал не во Европа) се изведуваат трансмисии со повисоки резолуции.

Во не толку далечна иднина, мулти-резолуциските камери ќе станат нормални, исто како што произведувачите на опрема ќе се стекнат со можност да одговорат на нивните барања. Зголемувањето на односот цена/перформанси на силициумските чипови овозможува кај овие камери софистицираното дигитално процесирање на сигналот да стане реалност.

Сосема истата технологија може да се најде и во контролните единици на камерата: со дигиталното процесирање се врши стабилизирање на некои параметри како што се балансирањето на бојата и на гама, правење set-ap и др. Сите овие предности во квалитетот на сликата ги поттикнуваат одредени производители да велат дека видеото може да биде замена за филмот.  

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.