Емитер 7-8/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Изгледа навика ми стана да тестирам засилувачи. За разлика од претходно, овде се работи за компаративен тест на два висококвалитетни интегрирани засилувачи. Во растечкиот тренд, кога заколнатите поборници на раздвоените комбинации (предзасилувач/засилувач) полека, но сигурно му го отстапуваат должното место на интегрираниот склоп, не можев а да не ве запознаам со овие два навистина извонредни уреди, кои доаѓаат од врвни производители од земјата на изгрејсонцето. Проценувајќи го моментот како мошне погоден за враќање на сцена на интегрираните засилувачи во класата на високо квалитетни (речиси high–end) и нешто покомерцијални (со релативно достапни цени, но сепак способни за високоверна и квалитетна репродукција) уреди, повеќе светски компании го засилија темпото на издавање на компоненти во класата која до скоро (посебно на американскиот пазар) се сметаше за минато.
Уредите кои ги имав на тест пристигнаа извонредно спакувани, како и што доликува на нешто со голема вредност, а сепак до вас треба да стигне патувајќи низ, безмалку, целата земјина топка. Обата се произведени во Јапонија, што би значело дека им е посветено посебно внимание, иако спаѓаат на самиот почетк на рангот на високо-квалитетни компоненти кај двата производитела. Marantz–овиот PM-17 е прв во така наречениот аудиофилен ранг. Над него се моделите 16, 17–K.I. Signature и моделот 14. Кај Denon пак, 2000–ката претставува нешто послаба верзија на сличниот модел од S10 серијата, интегрираниот засилувач S10 II и секако најквалитетниот модел од S I серијата. Обата модела се во иста класа, онаа која е способна за високоверна репродукција, но сепак има пристојна цена.
Поучен секогаш да го проверувам тоа што ќе го прочитам, ги слушав двата засилувачи речиси половина година, со мали прекини, нормално. Ми приредија многу пријатни мигови, понекогаш и радости, зазвучувајќи многу помузикално од многу поразвикани и поскапи уреди, но на моменти ме исполнуваа и со потиштеност, откривајќи колку можат да бидат блиску, но сепак далеку од вистинскиот high–end, не само по цена, туку и по музика.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.