Рубрика: Телекомуникации
Дигитален пренос на радио програма
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дигиталниот пренос на радио програма (DAB) се повеќе станува присутен во етерот. Иднината и квалитетот на преносот на радио програмата се содржани во DAB системот. Покрај пренос на аудио со голем квалитет, DAB системот како новитет нуди низа други сервисни услуги.

Денеска за пренос на радио програмата се користат два вида модулација. Најпрво била користена амплитудната модулација (AM) којашто овозможува пренос на аудио со одреден квалитет. Таа се користи и денес. Општо познато е дека со AM модулацијата се пренесуваат моно програми.

Со многу позадоволителни карактеристики за пренос на радио програма е фреквентната модулација (FM). FM модулацијата за радио дифузни цели започнува да се користи некаде кон почетокот на 50-тите години и до ден денес е единствената модулација која на УКБ (Ултра Кратко Браново) радио дифузно подрачје може да овозможи пренос на аудио со голем квалитет. Во денешно време FM-приемниците за радио програма се широко применувани. Се изработуваат во разни димензии, заради што многу од нив се погодни за мобилна употреба (вокмени, радија во автомобили и сл.). Иако FM модулацијата овозможува поквалитетен пренос на аудио сигнал, сепак тој квалитет е далеку од квалитетот на CD аудиото.

Недостатоците на овие видови на радио пренос доведоа до потреба за развој на нов начин за пренос на радио програмата кој во исто време ќе ги отстрани сите негативности. Па така, еден од појдовните услови при развојот на дигиталното радио (DAB – Digital Audio Broadcasting) е овозможување пренос на аудио сигнал со CD квалитет. Во DAB системот истовремено се применуваат два начина за редукција на брзината на пренос – дигитализирање на аудио сигналот со кое се постигнува одредена компресија, и користење на нова модулациона техника наречена COFDM (Coded Orthogonal Frequency Division Multiplex).

Имнуноста на DAB сигналот на разни интерференции и фединг овозможува формирање на т.н. SFN (Single Frequency Network) мрежа. Тоа значи дека една радио програма може да користи иста фреквенција за покривање на разни подрачја. DAB-от овозможува и други сервиси  – PAD (Programme Associated Data), non-PAD и CA (Conditional Access). Преку еден DAB може да се пренесува и surround, како и моно сигнал. Постојат и развојни проекти за пренос на подвижни слики преку DAB системот.

Очигледно е дека DAB ја претставува иднината во преносот на радио програмата. Во прашање е само време кога истиот ќе почне да се применува масовно, исто како што денеска се применува аналогната FM емисија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.