Рубрика: Информатика
Поделба на датотеки и печатачи помеѓу Windows 7 и Windows XP
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес има многу корисници кои имаат два па и повеќе компјутери во својот дом. Затоа логично е нивно поврзување во мрежа, за да може корисниците да имаат пристап на податоците на сите мрежно поврзани компјутери. Windows 7 е оперативен систем кој ги руши многу рекорди на Microsoft, па е релативно лесно да се изврши поврзување на два компјутера кои го имаат овој оперативен систем. Но ситуацијата е нешто поинаква кога на, да речеме постариот лаптоп имате инсталирано Windows XP, а на новиот компјутер Windows 7. Во овој напис ќе се позанимаваме со процедурата која треба да се направи за да имате пристап на датотеките од двата или повеќе компјутери поврзани во мрежа.

Овој напис е наменет за оние кои сакаат да ги зголемат можностите на својата домашна мрежа, но добро ќе им дојде и на корисниците кои имаат мали бизнис мрежи и се принудени да користат различни Windows оперативни системи. Се надевам дека на многумина ќе им биде од корист. Можеби процедурата на поврзување на различни оперативни системи во една мрежа и поделба на ресурсите во таа мрежа за некого изгледа тежок потфат, но со малку труд и упорност и оваа комбинација може да се оствари. И да, немојте да брзате при изведување на процедурата особено ако имате компјутер со Windows XP кој е со послаба конфигурација. Некои чекори бараат повеќе време.

Пристап до параметрите на печатачот кој ќе биде достапен на мрежата

Папки и печатачот EPSON LQ 300+ кои се достапни на другите корисници во мрежата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.