Рубрика: Астрономија и астронаутика
Модел на универзумот со антиматерија?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Двајца астрофизичари предложиле нов модел на универзумот, според кој наместо темна енергија и темна материја, во својот состав тој содржи еднакви количества материја и антиматерија!

Во XXI – от век, астрофизичарите влегле со комплетно составено сценарио за еволуцијата на универзумот, содржано во т.н. "стандарден модел" на универзумот. Приказите во тој модел се совпаѓаат со набљудувањата, кои од ден на ден станувале сè попрецизни. Така делотворен, стандардниот модел е прифатен од поголемиот дел од астрофизичарите. Но, не од сите! Зошто? Бидејќи, тој во себе крие двоен игнорантски однос кон природата на 95% од неговата структура, претпочитајќи две апсолутно непознати компоненти во неговиот состав, за кои не се знае ниту нивното потекло, ниту нивната структура, но, сепак, тие морале да бидат вметнати во равенките на моделот, бидејќи единствено така физичарите можеле да ги објаснат двата чудни феномени: преголемата брзина на ѕвездите на периферијата на галаксиите и акцелераторската експанзија на универзумот! Немајќи ништо поконкретно за овие две компоненти, космолозите нив ги нарекле "темна материја" и "темна енергија"!
Еден од астрофизичарите кој не ја прифатил оваа 95% "темнина" во "стандардниот модел" на универзумот е Габриел Шарден (Gabriel Chardin), директор на Центарот за нуклеарна спектроскопија на Орсај (Orsay). Тој и неговиот студент Орелие Бенуа-Леви (Aurelien Benoit-Levi), предложиле радикално нов модел на универзумот, во кој неистражените мистерии, темната материја и темната енергија, ги замениле со апсолутно истражени и општо познати фактори, потврдени во реалноста во судрувачите на физички честички. Сигурно погодувате, тоа се антиматеријата и антигравитацијата!

Клучни зборови:

Огромните празни простори во универзумот можеби се зафатени од антиматеријата, но до сега опсервациите сè уште не ја откриле!

Според "моделот со антиматерија" флуктуациите се последица од парцијалнoто поништување на материјата и антиматеријата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.