Рубрика: Астрономија и астронаутика
Молњите создаваат антиматерија?
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Употребувајќи го вселенскиот телескоп Ферми кој набљудува во гама зрачното подрачје, научниците на НАСА наидоа на зраци од антиматерија кои се создале над олујните облаци на Земјата, што е досега незабележан феномен. Научниците сметаат дека честички на антиматерија биле формирани при блесок од гама-зраци од земско потекло (Terrestrial Gama-ray Flash или ТГФ).

Блесоците во кратки рафални снопови се создаваат во внатрешноста на олујните облаци и е утврдено дека се поврзани со појавата на молњи. Се проценува дека секојдневно низ светот во просек се случуваат околу 500 TGF-а, но повеќето поминуваат незабележано. Според наодите објавени минатиот месец од страна на Мајкл Бригс, член на научниот тим кој ги анализира резултатите од Ферми, овие сигнали се првите директни докази за тоа дека олујните облаци создаваат блесоци (снопови) од антиматериски честички.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.