Рубрика: Автомобилска техника
Кратенки во автотехниката
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Човекот и автомобилот се запознаа пред повеќе од сто години и оттогаш веќе ништо не е како пред тоа. Како резултат на тоа пријателување, автомобилите стануваа поубави, помоќни, попрактични и незаменлив дел од човековото секојдневие. Колку биле едноставни автомобилите пред неколку десетици години! Во најголема мерка тоа и е главната заслуга што старите автомобили биле (се) долговечни. Потоа дојде елекрониката и направи вистински "бум" во автомобилската индустрија. Голем е бројот на современи и технички усовршени системи, склопови и елементи во автомобилите. Многу од нив, од практични причини се означуваат со кратенки. Така, купувајќи автомобил се сретнува цел список на кратенки кои продавачот, нормално, ги користи за да ја опише опременоста и совршеноста на автомобилот. Меѓутоа не секогаш уредот кој се крие зад кратенката е предност и не секогаш автомобилот не може без него. За полесно снаоѓање во денешната автомобилска техника подготвивме преглед на кратенките кои најчесто се употребуваат.

Веднаш да напоменеме дека ова не е потполн преглед и список на сите постоечки кратенки во автотехниката, туку овде се опфатени оние што најчесто се сретнуваат во автомобилите и не ретко како сериска опрема. Од друга страна пак, голем дел од нив ја нема популарноста, застапеноста и препознатливоста на сопирачкиот ABS или воздушните перници. Често производителите користат различни ознаки за системи кои ја имаат истата функција.

Во овој напис ги "демистифицираме" ознаките ABS, AGS, ASC, ASC+T, ASR, CDI, Common-rail, CVT, EBD, EDC, EFI, ESP, FSI, FPS, GDI, GPS, IDE, JTD, MPI, Multilink, MSR, OBD, PDC, PRS, SIPS, SPI, TCS, TDI, VTEC, VVT-i, 4 WS

 

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.