Рубрика: Аудио и видеотехника
Subwoofer Aquarium
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Вообичаено, сабвуферите се поголеми кутии, габаритни и не баш убави. Иако можат да се маскираат како дел од мебел (нешто како масичка), сепак ги бодат очите. Дури и кога се поставени во агол, сепак визуелно зафаќаат многу место. Најдобро би било да се невидливи. Или барем проѕирни, како што е во овој проект.

Сабвуфер (subwoofer) е звучнички систем (бас-звучник + звучна кутија) специјализиран за репродукција само на најдлабоките тонови – под 150 Hz. Од еден сабвуфер се очекува да репродуцира барем 40 Hz без никакви проблеми, т.е. неговата долна гранична фреквенција (-3dB) треба да биде пониска од f3=40 Hz. Тоа е во случај кога станува збор за класичен стерео систем, додека за surround систем за home theatre (домашно кино) барањата се уште поголеми: неопходни се барем 35 Hz, со дополнителен услов за можност за гласна репродукција (105 dB според THX стандардот). Во многу филмови присутни се звучни ефекти со тонови кои се спуштаат до 20 Hz, па дури и пониско. Да потсетам на првиот филм од овој вид: Earthquake (“Земјотрес”) кој пред повеќе од 25 години се прикажа и кај нас, во Скопје во киното “Вардар” – четири огромни звучни кутии Cerwin-Vega (секоја висока 2,4 метри!) емитираа инфразвучни (под 20 Hz) тонови со јачина од 110 dB, верно доловувајќи го чувството на земјотрес.

Нашиот читател Зоран Павлевски (негово дело беше прекрасно изработената дрвенарија за проектот Focal B 400 VF - во ЕМИТЕР бр. 56 од март 2002) изрази желба да му проектирам активен сабвуфер за неговото DVD домашно кино. Знаејќи ги неговите самоградителски квалитети, се определив за “дизајнерско” решение за звучната кутија, двата странични спротивни ѕида од кутијата да бидат стаклени. Потешко за изработка, но мислам дека резултатите од вештите раце на Зоран зборуваат сами за себе (видете ја фотографијата на направениот сабвуфер!). Кутијата е предвидена да се постави со едниот стаклен ѕид блиску до ѕидот од собата - на тој начин кутијата во целост ќе биде проѕирна и визуелно нема да зафаќа место.

Aмплитудно-фреквенциската карактеристика на сабвуферот Aquarium измерена со уредот CLIO

Звучната кутија ја проектирав врз основа на Thiele-Small параметрите од USB2830 кои ги измерив со CLIO. Излезе дека најдобар компромис е бас-рефлекс кутија со внатрешен волумен од 94 литри...

 

Клучни зборови:
Aмплитудно-фреквенциската карактеристика на сабвуферот Aquarium измерена со уредот CLIO

Aмплитудно-фреквенциската карактеристика на сабвуферот Aquarium измерена со уредот CLIO

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.