Рубрика: Аудио и видеотехника
Професионални аудиоуреди Phonic
Автор: Сашко Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На македонскиот пазар се појави уште една значајна фирма за професионални аудиоуреди - PHONIC. Можеби на помладите генерации името PHONIC не им значи многу, но секој постар и поискусен музичар со голем респект ќе проговори за квалитетот на звукот и за издржливоста на уредите PHONIC. Во овој текст ќе ви претставиме неколку модели од богатата програма на PHONIC.

Тајванската фирма PHONIC веќе 33 години произведува професионални аудиоуреди со одличен квалитет и пристапни цени. Кај нас вообичаено врежан е стереотипот дека тајванска фирма автоматски значи низок квалитет, но постојат исклучоци и светли примери за спротивното – како што е PHONIC. Раководството на PHONIC постојано гордо потенцира дека првенствено им е важно на клиентите да им испорачаат квалитетни производи по прифатливи цени, па затоа не трошат непотребни пари на скапи маркетиншки егзибиции и кампањи, не плаќаат холивудски рекламни режисери и маркетиншки консултанти со докторски дисертации за психологијата на наивните потрошувачи. PHONIC верува во мудриот, стар и испробан метод "добриот збор далеку се слуша", оставајќи на задоволните купувачи да го шират добриот збор за нивните производи. Оваа успешна приказна трае веќе 33 години.

Студиски мониторски звучник Phonic P8A

Миксер со засилувач Phonic Powerpod 410

Миксер со засилувач Phonic Powerpod 1062 plus

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.