Рубрика: Енергетика
Сончева енергија (1)
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како релативно сиромашна земја, Република Македонија би требало повеќе внимание да посвети на оние енергенси кои и се "од бога дадени", од кои со најголем потенцијал се сончевата енергија, енергијата на ветерот како и геотермичката енергија. Но, за жал, сево ова останува само во рамките на теоретското учење, иако имаме и индустриско производство на сончеви колектори, сè уште ја немаме културата, или подобро ќе биде да се каже просветеноста, за нивното користење, додека за искористување на енергијата од ветерот никој и не помислува, иако некои региони се под постојан ветер. Во овој напис читателите ќе се запознаат со општиот и теоретскиот дел, но и со практичната примена и самоградба на различни уреди со кои ќе може да се искористат сончевите зраци кои толку даваат надеж за подобро утре.

Зрачењето на Сонцето на некоја површина се нарекува инсолација. На инсолацијата влијаат многу фактори, како промена на положбата на Земјата во однос на Сонцето, квалитетот на атмосферата, облаците, влијанието на градбите, на дрвјата итн. Најголемо е сепак влијанието на косината на земјината оска во однос на Сонцето. Од јуни до август, северните ширини се накосени кон Сонцето кое го донесува летото на северната хемисфера. Затоа, инсолацијата во овој период е поголема отколку во останатите месеци во годината. Во овој период може да се искористи трипати повеќе енергија од онаа која може да се добие во зимските денови. На количината на пристигнатата енергија од Сонцето делуваат и некои метеоролошки влијанија како: температурата, влагата, брзината на ветрот, процентот на покриеност на небото со облаци и друго.

Различни компоненти на зрачење на Сонцето кои се апсорбирани од колекторите.

Иако инсолацијата преку целата година е зависна од многу фактори, средната годишна глобална инсолација за Скопје како еден од најсеверните градови во Македонија (што значи дека просекот во Македонија е поголем), според табелата во прилог, изнесува 1653 kWh/m2 , или околу 4,5kWh/m2 дневно. Сметајќи понатаму ќе дојдеме до многу значаен податок. Ако се инсталира систем за искористување на сончевата енергија со површина на колекторите од 5m2, тоа би изнесувало околу 22,5kWh просечна дневна апсорбирана сончева енергија. Ако секое десетто домаќинство има ваков систем доаѓаме до бројка од 1 125 000 kWh дневна заштедена енергија или 410 625 000 kWh годишна просечна заштедена енергија. Само за споредба, дневното производство на електроцентралата Матка крај Скопје во месец февруари беше 85 000 kWh електрична енергија, или 31 025 000 kWh просечно годишно производство (просекот е пресметан според зимското производство).

Генерално гледано, сончевата енергија може да се искористи на повеќе начини: со претворање во топлина, во електрична енергија, во хемиска, во акумулација на топлината во земја, вода, во воздух и друго. За претворање на сончевата енергија во топлинска служат посебни направи кои се нарекуваат колектори или апсорбери. Колекторите може да се поделат според видот на проточниот флуид (течност или гас), според конструкцијата на рамни и фокусирачки, според начинот на вградување на едноделни, повеќеделни и други.

Клучни зборови:
Различни компоненти на зрачење на Сонцето кои се апсорбирани од колекторите.

Различни компоненти на зрачење на Сонцето кои се апсорбирани од колекторите.

Средно месечно глобално зрачење на Сонцето во kWh/m^2 на плоча накосена под агол од 45°

Средно месечно глобално зрачење на Сонцето во kWh/m^2 на плоча накосена под агол од 45°

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.