Емитер 7-8/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во текот на претходниот месец се одржаа и две државни смотри со натпреварувачки карактер во организација на Народна техника, каде своите знаења, познавања и научно-технички талент го покажаа учениците од средните и основните училишта од Македонија. 39-тата Државна смотра на млади истражувачи од Република Македонија се одржа на ден 31.05.03 во просториите на ПСУ "Јахја Кемал" во Скопје. На неа повеќе од 300 средношколци се претставија со повеќе сопствени трудови и теми, поткрепени со претходни истражувања. 40-тата државна смотра на млади техничари и природници од Република Македонија, се одржа на 7.06.03 г. во Ресен. На неа земаа учество повеќе од 400 млади техничари и природници од основните училишта од целава земја, преку повеќе практични трудови кои ги изготвуваа на лице место, како и презентација и одбрана на резултати од претходно спроведените сопствени истражувања.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.