Рубрика: Информатика
Тест: CD и DVD снимачи
Автор: Марјан Ташевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со развојот на компјутерската техника, компјутерите стануваат сè побрзи и со сè поголеми можности. За жал и програмите и фајловите стануваа сè поголеми, па брзо се наметна потребата за некој медиум за нивна размена или back up. CD снимачите ги решаваат овие проблеми, но и нивниот капацитет веќе станува претесен. Најновото решение, сега за сега, се DVD снимачите. За да ви го олесниме изборот решивме да тестираме повеќе модели на CD и DVD снимачи, кои љубезно ни ги позајмија фирмите НЕОКОМ, СЕТ, Дигит компјутери и Форнет.

Сведоци сме на неверојатно брзиот развој на компјутерите. Секојдневно се појавуваат побрзи процесори, хард дискови со поголем капацитет, а мониторите сè повеќе се доближуваат до големината на телевизорот од дневната соба. Сите овие подобрувања доведоа до тоа компјутерот да се здобие со централно место кога е во прашање домашната забава. Играње игри, гледање DVD-а или DivX-и, слушање музика, поврзување на Интернет и секако, користење за сериозна работа. Логично, големината на сите овие благодети доведе до потребата од некаков медиум за back-up или пак за размена на истите. Со појавата на CD-снимачите добивме можност да изработуваме сопствени DivX колекции на филмови, колекции на MP3 музика, можност да пренесеме големи фајлови од домашниот компјутер до тој на работа... Но, како и секој друг медиум во компјутерската индустрија, за кратко време, и овој стана премал. Логично беше да се појави поголем медиум, којшто ќе може да ги собере сите тие потребни и непотребни фајлови насобрани на локалниот хард диск. Дојде времето да го фрлиме CD-ROM-от и да си купиме DVD (CD-медиумите не мора да ги фрлате, поради тоа што се шири муабет дека се правеле убави ѕидни часовници од нив)

Иако на овој тест повеќето од уредите беа “обични” CD-RW уреди, сакавме да им го појасниме DVD стандардот на читателите поради тоа што CD-то, како медиум, е многу надолго и нашироко објаснето и навистина мислиме дека нема што повеќе да се зборува за него. CD-RW беа тестирани единствено поради фактот што голем број од читателите сè уште или немаат потреба од поголем капацитет или не се во финансиска можност да си дозволат DVD снимач (друг голем фактор е тоа што на нашиот пазар сè уште нема доволен број на DVD-снимачи). Значи, ако имате потреба од поголем капацитет купете DVD-снимач (HP 200i, LG GMA-4020B). Ако немате, CD-RW уредите се сè уште добар избор во поглед на цените на уредите и на медиумите (Benq 5224P, Benq CRW4824WU, Benq crw 2410, LG GCE 8520B, Sony CRX215E, Sony CRX220E). Ако, пак, само сакате да снимате CD-RW и повремено да гледате филмови, добар избор е еден уред и за двете намени, со многу мала разлика во цената (LG GCC-4480B, Toshiba SD-R1312).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.