Рубрика: Информатика
Тест: Fujitsu Ultrabook
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од водечките производители на лап-топ компјутери, Fujitsu е последната компанија која на пазарот ја претстави својата Ultrabook серија. Серијата се состои од два модела: U772, кој според своите карактеристики и цена припаѓа во т.н. бизнис класа (ако воопшто може да се каже дека некој Ultrabook компјутер не е дел од бизнис-класата), како и UH572, кој има нешто послаби технички карактеристики, а со тоа е и подостапен до крајните корисници. Од овие два модела, благодарение на “Неоком“ и "РЕМА Компјутери" имавме привилегија да го тестираме пософистицираниот модел U772.

Ultrabook серијата на Fujitsu се состои од два модела од кои U772 е пософистициран модел кој припаѓа во бизнис-класата. Самиот модел нуди широк спектар безбедносни карактеристики кои вклучуваат и изборен Trusted Platform модул за кодирање податоци, екран кој нема одблесок и технологија Absolute Data Protection, која овозможува бришење доверливи датотеки и од далечина. Моделите од серијата Fujitsu U исто така имаат и вградено конектор за докинг станица, како и репликатор на портови (можеби за првпат кај Ultrabooks), а како опција се нуди и тастатура осветлена со LED-светло и порт за SIM-картичка.
Како и да е, U772 посебно се истакнува со неговиот тенок дизајн. Неговата големина е само 15,6 mm од основата до горниот дел на капакот, а од Fujitsu тврдат дека ова е најтенкиот 14-инчен Ultrabook кој се продава денес на пазарот. Тежи само 1,45 kg и U772 е најверојатно и една од најлесните машини во својата класа. Да направиме споредба. HP Envy 4, кој има слична големина на екранот и слична конфигурација, е дебел 19,8 mm и тежи 1,8 kg. Додека сите Fujitsu лаптопи од 2012 година имаат вградено HD видеокамера, U772 најверојатно ќе биде единствениот со full-HD видеокарактеристики.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.