Рубрика: Астрономија и астронаутика
Мултивселена
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најголемата енигма во моделот за создавање на вселената од сингуларитет со "Жешката примарна експлозија" претставуваат почетните услови од кои произлегла толку совршената конфигурација на нашата вселена. Дали Мултивселената е решение на тој проблем?

Со ипотребата на најсовремени генерации на земни и орбитални опсерватории, астрономите денес можат да гледаат далеку во минатото на вселената и да бидат сведоци на нејзината еволуција. Бистрото око на Хабловиот орбитален телескоп ни го обелодени времето кога галаксиите беа вжарени топки од дифузен гас и времето на тукушто пламнати први сини ѕвезди.

Границата на нашето знаење за вселената денес е помесетена во далечните рани времиња, така што космолозите денес можат во главни црти да ја реконструираат целата историја на вселената речиси до првата секунда по Big Bang-от. Но, тука се испречила бариера: серијата настани во првата секунда, кога вселената била мала, жешка и густа, претставуваат голема мистерија за космолозите. Законите на физиката не нѝ кажуваат ништо за тоа што се случило во време на тој критичен период, така што не знаеме од кои почетни услови е дедуктирана совршената конфигурација на вселената?

Стивен Хокинг укажува дека можеби постојат физички закони кои ние сѐ уште не сме ги откриле, аналогно како со енигмата во времето на Исак Њутн.

Ако почетните услови не се поставени со некој закон (во сингуларитет нема закони), а подеднакво се веројатни сите конфигурации, тогаш е можно по BIg Bang-от да биле создадени бесконечно многу вселени со бесконечно многу разни конфигурациим помеѓу кои се погодила и една "правилна" т.е. нашата вселена!

Многуте различни вселени се покажани во вид на балони кои перманентно експандираат. Различната обоеност на балоните симулира различни физички закони кои владеат во секоја поединечна вселена

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.