Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ова е актуелна тема на овие наши простори. Причини за тоа има повеќе: од сè поголемиот притисок за здрава и чиста околина до Одлуката на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ според која РМ е обврзана до 2008 година целосно да ги исфрли од употреба оловните бензини за моторните возила како најголеми загадувачи на животната средина и непријатели на човековото здравје. Дали може да се замени оловниот бензин со безоловен, дали ќе му наштети на моторот, што со октанскиот број на бензинот итн. се најчесто поставувани прашања. Како и да е, од особините на бензинот директно зависи дали моторот ќе работи исправно и долговечно (т.е. ќе го достигне проектираниот експлоатационен век) или ќе работи со тешкотии при што нема да ги постигне максималните перформанси и предвреме ќе биде уништен. Или, дали, доколку за моторот за нашето возило е пропишан т.н. оловен бензин, можеме да преминеме на безоловен бензин, а притоа и октанскиот број за бензинот да е помал? Ќе се обидам да одговорам на овие и на некои други прашања, кои се однесуваат на горивото (бензинот) за моторот на нашето возило.
Во текстов ќе стане збор само за горивата за автомобилските ото мотори. Квалитетот на работа на овие мотори зависи од квалитетот на погонското гориво т.е. бензинот. И уште повеќе: сите можности за идниот развој на моторите се во директна врска со можностите за развој на технологијата за производство на погонските горива. Основни барања кои мора да ги поседува горивото наменето за моторите со внатрешно согорување се:
1. Да има високи енергетски својства т.е. висока топлотна моќ.
2. Лесно да се меша со воздухот при сите работни услови на моторот.
3. Да има голема брзина на согорување.
4. Да согорува без талог, пепел и остаток.
5. Да е хемиски стабилно.
6. Да не предизвикува корозија.
7. При согорувањето да не произведува токсични продукти.
8. Да е отпорно на детонација.
При ова течните деривати на нафтата имаат апсолутен примат.
Не само заради Одлуката на Министерството за животна средина и просторно планирање за замена на оловниот со безоловен бензин туку пред се заради нашето здравје и чиста животна средина, доблест е, а и обврска, да користиме безоловен моторен бензин. Сепак, планетава не ни е дадена на “користење” од претходните генерации туку ја имаме позајмено за “користење” од идните генерации.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.