Рубрика: Астрономија и астронаутика
Астрономски оптички системи со висока резолуција
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поглед на опсерваторијата Маунт Вилсон денес

Во опсерваторијата Маунт Вилсон, Калифорнија, САД, во тек е градба на центар за астрономија со висока аголна резолуција, кој за разлика од конвенционалните "сингл" телескопи, нуди гледање во вселената со многу повеќе детали.

CHARA  обезбедува способност за гледање во вселената со неверојатни детали - 50 пати поситни од колку со кој било друг телескоп. На пр., може да зумира објект на Месечината помал од човек. “Ако човек би возел автомобил по површината на Месечината” – вели Харолд Мекалистер (Harold McAlister), директор на Центарот, “ ние би можеле да разликуваме дали тој вози со “долго” или “средно” светло”!

Клучот за високата резолуција лежи во примена на т.н. интерферометарски оптички систем, составен од неколку помали оптички телескопи распространети на одредена површина, поврзани преку  оптички цевки со управувачки центар во компјутерска мрежа. Светлинските зраци од сите телескопи се калибрираат, така што тие ќе се сретнат во една точка во исто време (синхронизација).

Синхронизација на светлинските зраци - поради разликата во растојанијата до поединечните телескопи, светлинските зраци патуваат различно време  и поради тоа мора да се синхронизираат за да стасаат до детекторот точно во исто време. Тоа се постигнува со  линии за “задоцнување” (time delay), прецизно нагодени да ја компензираат  разликата во времињата.

Идејата не е нова,  но досега не е актуелизирана бидејќи таа бара врвна оптичка технологија апсолутно без никакви дефекти и гребнатинки и супер брзи компјутери. Инаку, од порано е забележано дека клучот за градба на подобри конвенционални телескопи е во примената на колку што е можно пошироки огледала, бидејќи резолуцијата расте со мерката на нивната базна линија (растојанието од едниот до другиот раб). Интересно е дека плоштината на огледалото не е важна за острината и деталите, така што систем со две мали огледала, поставени на краевите на базната линија, има иста резолуција во таа една димензија како една голема леќа со дијаметар еднаква на растојанието помеѓу нив.

Клучни зборови:
Поглед на опсерваторијата Маунт Вилсон денес

Поглед на опсерваторијата Маунт Вилсон денес: Големата купола е дом на 100 инчен телескоп (2,54 m), со кој Едвин Хабл пред 80 години прв погледал подалеку од нашата Галаксија Млечен Пат. Двете помали куполи лево, се 2 од 6-те телескопи кои го сочинуваат системот на CHARA..

Синхронизација на светлинските зраци

Синхронизација на светлинските зраци - поради разликата во растојанијата до поединечните телескопи, светлинските зраци патуваат различно време и поради тоа мора да се синхронизираат за да стасаат до детекторот точно во исто време. Тоа се постигнува со линии за “задоцнување” (time delay), прецизно нагодени да ја компензираат разликата во времињата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.