Учениците кои ги разгледувале архивите со податоци добиени од сателитот XMM-Њутн, наишле на изблик од x-зраци што бил премногу краткотраен за неговиот извор да биде обична ѕвезда. Средношколците откриле дека изворот на x-зраците на небото најверојатно потекнува од нов тип на астрономски објект.
Ѕвездите можат да емитуваат интензивно зрачење од икс-зраци. Така, ѕвезда под влијание на блиска црна дупка или неутронска ѕвезда може да создаде изблици на зрачења коишто се неверојатно светли и кратки. Во потрагата по такви објекти, тимот ученици од последната година од средното училиште во Сароно, Италија, ги анализирале податоците од сателитот XMM-Њутн и го идентификувале објектот кој го создал чудниот изблик од икс-зраци во 2005 година.
Откако учениците им ги претставиле своите наоди на научниците, анализата на Сандро Мерегети од Националниот институт за астрофизика во Милано, Италија, и неговите колеги покажала дека изворот станал посветол во наредните 5 минути. При најголемиот сјај тој бил повеќе од 40 пати посветол од неговата нормална осветленост. Рафалниот изблик бил прекраток за да биде одблесок од една ѕвезда, но преслаб за да биде производ од ѕвезда фатена во гравитацискиот бунар на црна дупка или придружник на неутронска ѕвезда.
Најверојатно, во архивите на податоците добиени од XMM-Њутн можат да се најдат уште вакви или слични објекти, пишуваат научниците.