Емитер 6/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојат бројни сведоштва на луѓе кои сонувале дека ќе им случи некоја страшна несреќа, па така предупредени тие утредента благовремено ја избегнале. Или, сонувале дека нешто убаво ќе им се случи, па тоа навистина им се остварило. Дали некој буден чувар бдее над животите на луѓето и им дошепнува ноќе во сон што да направат или е тоа обична случајност?
Стојмир Симјаноски: ...Мислењата за соновите и сонувањето се менувале од век во век и од култура до култура и луѓето долго време верувале дека сонот е посебна состојба на духот во која човекот контактира со Бога или прима пораки од претците, а оние што се бават со проучувањето на екстрасензорните перцепции мислат дека скоро 70 % од вончулните контакти се одвиваат токму во соништата. Иако многумина мислат дека соништата се само чувари на спиењето, најдобро е да се рече дека тие се чувари на целото наше битие или уште поконкретно наши чувари на иднината. Вака е со опоменувачките сонови - некогаш за време на спиењето до мозокот однекаде од несвесното доаѓаат информации со застрашувачки содржини. Пораките дојдени преку соништата даваат можност да го одбегнеме она суденото или реченото, бидејќи само тогаш би имало некакво оправдување и само тогаш би имале некаква претскажувачка функција, но што треба сонувачот да стори за да ја спречи некоја најавена несреќа? Е токму за тоа прашање треба да се зафатат научниците...
Владимир Филевски: ...Да се концентрираме на нешто што многу лесно можеме да го потврдиме или собориме, а тоа е прашањето: дали соништата можат да претскажат нешто? Сензационалистичките писанија кои се занимаваат со разни ненаучни дисциплини се преполни со вистинити примери од реалниот живот на познатите (или обичните луѓе) кои сонувале нешто, а утредента, за големо чудо, сонот се остварил. За жал, објаснувањето за ваквите "чуда" во овие списанија задолжително оди во насока на некаков натприроден ентитет - бог, дух, "вселенска свест", "универзална свест", "универзум од иднината" и слично. Но, дали тоа е навистина чудо или е само случајно совпаѓање на сонуваното со идните случувања? За да одговориме на ова прашање, прво да се потсетиме на неспорните факти, потоа да направиме една мала математика...
ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "дежурниот" скептик Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.