Рубрика: Електроника
SHT21 – сензор за температура и влажност
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Новиот сензор за температура и влажност на специјализираната фирма за производство на интегрирани сензори - Сензирион (Sensirion) воспоставува нови стандарди на ова поле, особено со својата точност, доверливост и мал габарит. Со потполно нов дизајн во иновативната CMOSens технологијата, тој ги надминува постоечките достигнувања, а перформансите на сензорите од овој тип ги подигнува на ново, повисоко ниво.

Веќе подолго време капацитивниот принцип за мерење на температура и влажност покажува компаративни предности во однос на решенијата со отпорници чувствителни на овие физички големини. Сепак, најголемата причина што тој не е општоприфатен е едноставноста на решенијата со отпорните сензори. Но, со примена на нови генерации интегрирани сензори кои содржат повеќе склопови за обработка на сигналот на самото место на неговото настанување правејќи ја притоа понатамошната обработка крајно едноставна, ситуацијата се менува во полза на капацитивните сензори.
Капацитивниот сензор за мерење влажност е составен од диелектрик направен од полимер кој апсорбира или испушта водена пареа зависно од релативната влажност на околината. Притоа, се разбира, се менува неговата капацитивност која може да биде измерена од соодветно електронско коло. Така, добиваме резултат кој е директно пропорционален со релативната влажност на воздухот.

Технички карактеристики:

- Потполно калибрирани сензори
- Три варијанти дигитални излези: I2C (SHT21), SDM лесно претворлив во аналоген сигнал (SHT21S) и PWM излез (SHT21P)
- Многу мала потрошувачка на ел. енергија.
- Одлична долгорочна стабилност.
- Минијатурно DFN пакување.

 
Клучни зборови:

CMOSens® технологијата применета во SHT21.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.