Рубрика: Астрономија и астронаутика
Ѕвездени патеки
Автор: Борче Стаменковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последните 8 години, астрономите имаат откриено голем број различни светови околу другите ѕвезди: планети кои се толку жешки што испаруваат како комети, планети толку големи што сјајат слично како ѕвезди, двојни планети кои кружат околу своите ѕвезди во некој чуден ритам итн. Досега само немаме најдено планета којашто наликува на нашата, затоа што нашите инструменти не се доволно осетливи, но за околу 10 години НАСА планира да лансира мисија наречена Пронаоѓач на Земјолики Планети (Террестриал Планет Финдер), односно тоа е вселенски телескоп кој е специјално дизајниран да забележи планети како Земјата. Добри се шансите од околу 150-тина ѕвезди коишто ќе се набљудуваат да се детектира барем една малечка планета којашто ќе наликува на Земјата.

Ваквата сестринска планета отпрвин нема да изгледа многу убедливо – таа ќе биде само една мала точка светлина која скоро се губи во блескавиот сјај на нејзината блиска ѕвезда. Сепак, само мал дел на светлина е сосема доволен за да можеме да ја анализираме нејзината маса, температура и состав. Можеме да скенираме некои најверојатни хемиски основи за живот, како што се атмосфера богата со кислород која е доволно влажна и има водена пара и траги од метан.

Алфа Кентаури, најблискиот Сончев систем, во кој би можеле да очекуваме Земјолика планета, се наоѓа на 4,4 светлосни години од нас. Тоа е 3 000 пати повеќе од патот  што го поминала која било вселенска сонда денес. Ѕвездата 55 Канкри (Cancri) која има 3 големи планети слични на тие во нашиот Сончев систем, се наоѓа 10 пати подалеку. Преминувањето на овој голем вселенски простор ќе биде возможно само со супербрзо вселенско летало, кое ќе биде многу понапредно од леталата кои се прават денес.

Дизајн на антиматериска ракета (лево) и Конструкција за можно ласерско едро (десно)

Според мислењето на Роберт Фризби, научник кој е на чело на Лабораторијата за млазни погони при НАСА постојат 5 различни типови на погон кои ќе овозможат патувањето до Алфа Кентаури да трае помалку од 50 години и според него ова не е фантазија, туку нешто што е сосема возможно.

Кога ќе посакаме да одиме кон ѕвездите ќе треба да ги пензионираме хемиските ракети, уште во 1903 година рускиот физичар Константин Циолковски открил дека крајната брзина на ракетата е ограничена на околу двојната брзина која ја поседува гасот што излегува од издувниот систем на ракетата. Кај Спејс Шатлот гасот од издувот излегува со брзина од околу 4,8 km/s, па затоа тој не може да се движи побрзо 9,7 km/s. Со оваа брзина ќе му требаат 120 000 години за да стигне до Алфа Кентаури. За да стигне таму во еден човечки живот, ракетата би требало да патува најмалку 3 000 пати побрзо отколку денешните ракети кои имаат погон базиран на течен водород и керозин. Роберт Фризби предлага 3 начини на кои можат да се движат ракетите побрзо: нуклеарна фисија, нуклеарна фузија и антиматерија...

Можен изглед на фузиски магнетен мотор

Клучни зборови:
Дизајн на антиматериска ракета

Дизајн на антиматериска ракета

Конструкција за можно ласерско едро

Конструкција за можно ласерско едро

Изглед на фузискиот магнетен мотор

Изглед на фузискиот магнетен мотор

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.