Рубрика: Електроника
Дигитален ESR метар
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ЕМИТЕР број 2/2000 имавме објавено проект за уред со иста намена кој беше изведен во аналогна техника и не се одликуваше со голема точност. Во овој број ви претставуваме уред со иста намена, но за разлика од претходниот се одликува со голема точност на измерената вредност. За да се зголеми точноста на мерењето и да се прикажат реални вредности на измерените отпорности уредот е изработен во дигитална техника, но со употреба на кола кои лесно се наоѓаат и се со ниска цена. Како и претходно претставениот уред и овој може да ја мери еквивалентната сериска отпорност (ESR) без отстранување на кондензаторот од плочката со печатено коло на која е монтиран, со што многукратно се зголемува неговата практичност и употребливост.
Едноставно ова е незаменлив инструмент за секој сервисер, бидејќи со него лесно ќе се откриваат сите неисправни (исушени) електролитски кондензатори без нивно одлемување од уредот што е на сервис.

Со развој на електрониката развиени се голем број методи за мерење на ESR на кондензаторите. Еден од наједноставните, но доволно прецизен метод, е на кондензаторот да му се доведе сигнал со висока фреквенција и да се мери падот на напонот кој се појавува на неговите краеви. Се разбира, добиениот напон е наизменичен и со мала амплитуда поради малите вредности на ESR. Овој сигнал е пропорционален со ESR вредноста на кондензаторот и кога доволно ќе се засили може да се измери со класичен волтметар, кој е претходно калибриран директно да ја покаже ESR отпорноста на дисплејот.
Во оваа апликација прикажана е модифицирана верзија на претставениот принцип, каде уште повеќе се зголемува точноста на измерената вредност на ESR. Во овој уред покрај генераторот на наизменичен сигнал има и специфичен претворувач на наизменичниот сигнал во еднонасочен кој е пропорционален со ESR на мерениот кондензатор.
За практична реализација сите компоненти од шемата се поделени на две ППК, при што едната ги содржи дисплеите на кои се прикажува измерената вредност, а другата останатите компоненти. Плочките се изведени така што кога ќе се склопат целината идеално се вклопува во предвидената кутија. Притоа се добива панелен преглед на измерената вредност. На дисплејот секогаш се прикажува измерената вредност на ESR во оми, што може да се провери со поврзување на класичен отпорник помал од 200Ω на мерните сонди на инструментот.
Како што кажавме, со овој уред може да се испитуваат кондензаторите без да се вадат од плочката на која се залемени. Се разбира, напојувањето на уредот во кој се вршат мерењата треба да биде исклучено и пред да се тестира кондензаторот тој треба да се испразни за да на се оштети инструментот. Полуспроводниците кои се наоѓаат околу тестираниот кондензатор нема да пречат, затоа што тестирањето на кондензаторот се изведува со напон далеку понизок од прагот на проведување на полуспроводниците и во најлош случај, изнесува, од 200 до 250mV, што е пониско од напонот потребен за спроведување дури и на шотки диодите.

Технички карактеристики:

Испитна фреквенција: 100 kHz
Испитен напон: 250 mV max
Мерен опсег: 0,1...199,9 оми
Можност за мерење без одлемување
Напојување: мрежа 230 Vac

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК919
Печатена плочка: ППК920
Интегрирани кола: ICL7107CPL, LF412, CD4093, 74ACT74, 74VHC4066
7-сегментни LED дисплеи со заедничка анода
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина