Емитер 7-8/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Победник на изборот за најдобар интернационален мотор за 2004 година е хибридниот (електро-бензински) 1,5-литарски мотор на Тојота кој се вградува во моделот Приус. Воедно, овој мотор е победник и во три други категории: најдобар нов мотор, најмала потрошувачка и најдобар мотор во класата од 1,4 до 1,8 литри работна зафатнина.
Интернационалниот избор на мотор на годината годинава се одржа по шести пат. Овој пат во изборот учествува вкупно 56 новинари од 24 земји во светот. За првпат оваа година беа вклучени и новинари од Кина и Египет кои му се приклучија на останатото жири чии членови се од земјите кои се автомобилски велесили, но и земји кои се големи автомобилски пазари во светот.
Изборот се одвива така што моторите се номинирани по класи. Според работната зафатнина тие се распоредени во 8 класи: до 1 литар, од 1 до 1,4 литри, од 1,4 до 1,8 литри, од 1,8 до 2 литри, од 2 до 2,5 литри, од 2,5 до 3 литри, од 3 до 4 литри и над 4 литри работна зафатнина на моторот. Освен овие, постојат и посебни номинации: најдобар нов мотор, мотор со најмала потрошувачка, мотор со најдобри перформанси и интернационален мотор на годината, како севкупен победник. Во изборот рамноправно учествуваат сите концепции - бензински, дизел и хидбридни мотори. Основен услов за моторот да биде номиниран за овој избор е тоа што тој мора да се вградува во некој сериски произведуван патнички автомобил и да се продава во повеќе од една земја во светот.
Годинешниот лауреат - хибридниот мотор на Тојота Приус
Своите оцени жирито ги донесува врз основа на своите технички познавања и субјективни импресии добиени при возењето на автомобилите опремени со моторите кои се номинирани. Притоа, се оценуваат сите карактеристики на моторот кои се важни за изборот: економичност, перформанси, бучава и други. Секој член на жирито има на располагање одреден број поени кои ги распределува на своите фаворити во секоја класа.
Победникот, односно интернационален мотор за 2004 година е хибридниот електро-бензински 1,5-литарски мотор на Тојота кој се вградува во моделот Приус. Овој модел подетално го претставуваме во вториот број на ЕМИТЕР од оваа година - 02/2004. Второпласиран е 5-литарскиот V10 дизел-мотор на Фолксваген кој се вградува во теренецот Туарег и лимузината Фетон, а третото место му припадна на 3,2-литарскиот бензински мотор на БМВ (се вградува во моделот М3). Интересно е што моторот на БМВ веќе 4 години по ред е најдобар во класата од 3 до 4 литри зафатнина и севкупен победник во 2001 година.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.