Рубрика: На граница на науката
Мистерии на науката: Кругови во житата
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На некое поле, каде што дотогаш имало само непрегледно море од жито, во првите мугри наеднаш може да осамне комплицирана слика направена од полегнато жито. Житните слики (crop circles) може да бидат само неколку кругови, но и комплексни геометриски слики со големина од неколку стотици метри. Кој ги прави овие слики во жито и дали во нив е скриена некоја порака? Како и за многу други појави, постојат повеќе објаснувања, некои и дијаметрално спротивставени, како што ќе прочитате подолу.

Стојмир Симјаноски:
Штом веќе пишуваме за круговите во житата, прво треба да се каже дека има два вида кругови, од кои едните се направени од камења некогаш и којзнае од кого, но за кои, барем, знаеме како се направени. Другите се круговите во житните полиња или агроглифите за кои првпат почна јавно да се зборува во 1978 г. Всушност, никој не знае од кога на земјата почнале да се појавуваат пиктограми како оние во: атакама - Чиле, "непристојниот џин" од церне, оријашот од вилмингтон или како знаците во пустината наска во перу со кои е испресечена, речиси, целата пустина.
Многу е пишувано и многумина се обидувале да ги објаснат и таквите пиктограми и денешните агроглифи, но ако за агроглифите може да се рече нешто со сигурност, тоа е дека тоа се појави за кои, сè уште, не знаеме ни како се направени ни кој ги прави; ни со која цел се направени ни може да се објасни загадочното молчење на науката, односно ноншалантното објаснување дека тоа го прават шегаџии или авантуристи онака за забава или за да предизвикуваат чудење.

Владимир Филевски:
Некои тврдат дека оние кругови и геометриски слики во житните полиња (crop circles - кругови во жито, житни слики, пиктограми, агроглифи) не се дела на човекот, туку на вонземјани или на некакви непознати сили, енергии и полиња. Спротивно на тоа, јас сум апсолутно сигурен дека сите тие житни слики се дела на обични луѓе – шегаџии и безделници со уметничка душа. Некои житни слики се нарачани и платени дела изработени од сосема човекови организации кои се занимаваат токму со таа дејност (www.circlemakers.org).
Сè во врска со житните слики е многу едноставно и логично... Доколку се знаат фактите. А фактите се следниве: првите житни кругови се појавиле во 1978 година, во англија. Нив ги направиле даг боувер (doug bower) и дејв Чорли (dave chorley), кои првпат јавно проговориле за нивните тајни "ноќни активности" во британскиот весник today, издание од 9 септември 1991 година.

ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "resident science DJ" Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.

Што сакал да каже древниот цртач со оваа огромна фигура во Атакама, Чиле?

Фигурата која се појавила на 16 јуни 2009 година во Јатесбари

Дали "balls of light" ги прават круговите во житата како што некои се сомнаваат?

Дали памфлетот "The Mowing Devil" од 1678 г. покажува покосено или полегнато жито?

Во кругот полегнато жито во Морган Хил, била пронајдена спиритуалистичка табла. Дали ова е доказ за земското потекло?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.