Емитер 12/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Трошоците при градба на ѕидови со надворешна изолација се приближно исти со трошоците на ѕидови со изолација во средина или одвнатре. Меѓутоа, енергетската ефикасност, долготрајноста на конструкциите и угодната микроклима за престој во објектите им дава предност на ѕидовите со надворешна изолација далеку пред останатите два случаја. Ако сите наведени факти "pro" се на страна на надворешната изолација, а сите "contra" за ѕидовите со изолација во средина или одвнатре, се поставува прашањето: кои се аргументите што кај нас сè уште се изведуваат ѕидови со изолација во средина или одвнатре?
Во минатиот број на ЕМИТЕР направените анализи на четирите случаи на надворешни ѕидови со 4 различни местоположби на изолацискиот материјал се однесуваат само на нивните карактеристики од аспект на енергетската (не)ефикасност и можниот ризик од појава на внатрешна кондензација и растеж на мувла. Меѓутоа, интересно е да се направи анализа и на однесувањето на вакви ѕидови во екстремните зимски и летни услови, од аспект на (не)удобноста за престој во просториите, како и влијанието на местоположбата на изолацијата врз трајноста на ѕидната конструкција.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.