Емитер 11/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Почнувајќи од овој број на ЕМИТЕР, во четири продолженија ќе објавуваме текстови кои ја објаснуваат историјата на потрагата по вонземска интелигенција, од нејзините почетоци до денес. Во овој број ќе биде опишано како е дојдено до таа идеја воопшто да се почне да се бараат сигнали од вселената, кои би биле од вонземско потекло. Дадени се и теориски претпоставки за тоа како потрагата би требало да се одвива, кои станале основа за сите понатамошни барања.
Во летото 1967 година Џослин Бел (Jocelyn Bell), студентка по радиоастрономија на Кембриџ, ја работела својата докторска дисертација. Како дел од дисертацијата, таа вршела набљудувања со помош на радиотелескоп и низ небото барала знаци од меѓуѕвездено треперење на квазари. Пребарувањето одело во ред, но во нејзините резултати секогаш се појавувале извесни отстапувања и дополнителни сигнали. На почетокот Бел и нејзиниот советник, Тони Хјуиш (Tony Hewish), претоставувале дека се работи за некаква интерференција со Земјините радиосигнали. Такви работи се нормални во радиоастрономијата, но Бел и Хјуиш никако не можеле да го елиминираат сигналот. Доаѓал од некаде во вселената. Уште повеќе: анализирајќи го сигналот, тие откриле дека тој се појавува на прецизни временски интервали – на секои 3,666... секунди.
Кој природен извор на радиобранови би можел да праќа сигнал со толкава точност и прецизност? Во 1967 година сѐ уште никој не знаел, па истражувачите почнале да се сомневаат дека изворот воопшто не е природен. туку дека доаѓа од вонземска цивилизација. Шегувајќи се, измислиле и име за тој извор – LGM (Little Green Man. што во превод значи "мали зелени луѓе")
Се покажало дека сигналот LGM немал врска со вонземски цивилизации. Околу една година по откритието на Бел, биле пронајдени уште неколку такви пулсирачки објекти. Се дошло до широко прифатениот заклучок дека извор на тие пулсирања биле бргуротирачките неутронски ѕвезди, соодветно наречени "пулсари".
Радиоактивните неутронски ѕвезди се мошне несоодветни места каде би се барал вонземски живот. Сепак, Бел и Хјуиш сериозно ја разгледувале можноста нивниот сигнал да доаѓа од некој друг свет со вонземска интелигенција. Треба да се земе предвид дека 60-тите биле години на врв на т.н. "вселенско време" – само една деценинија од лансирањето на Спутник, беспилотни летала биле испраќани кон планетите, а трката за Месечината само што не го достигнала својот врв. Фантазијата на јавноста била заситувана со вселенски истражувања, телевизиски серии како "Ѕвездени патеки" и "Изгубени во вселената" и слично, па сигурно мож да се разбере зошто радиоастрономите се прашувале дали навистина добивале сигнали од вонземска цивилизација.
Уште повеќе, една мала но активна група научници и инженери почнала активно да го пребарува небото, специфично барајќи сигнали од други светови. Благодарејќи на ова, потрагата по вонземска интелигенција или SETI станала научно поткрепена и почитувана работа. Најнапредните технологии и најдобрите астрономи во светот биле посветени на оваа потрага. И токму во областа на радиоастрономијата, SETI станала значаен фактор, па Бел и Хјуиш долго време се прашувале дали можеби тие го откриле сигналот, кој нивните колеги толку силно сакале да го најдат...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.