Емитер 10/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во 2000 година една од најголемите вести беше приказната за издигнувањето на Напстер и другите слични на него, file-shareing програми. Со овие програми можеше да се најде mp3 верзија на која било песна без да се плати за неа. Музичките компании беа очигледно вознемирени поради ваквото одвивање на настаните и тоа беше разбирливо, бидејќи наеднаш опадна продажбата на нивните производи. Но тогаш, благодарејќи на "Напстер револуцијата" пари правеа производителите на електрични уреди, односно на уредите кои подоцна беа откриени. Во 1999, 2000 и почетокот на 2001 година продажбата на CD режачи и празни CD-Recordable дискови се издигна до небо. Наеднаш стана практика обичниот човек да собира песни и да си прави сопствен избор на музика на CD-а. Денес, CD-режачот е стандардна опрема на секој нов компјутер и многу музички ентузијасти додаваат посебно CD-режач на своите стереосистеми. За помалку од 5 години CD-ата ги заменија аудиокасетите и ги исфрлија од употреба. Во овој текст ќе се запознаете со тоа како CD режачите ги енкодираат песните и другите информации на празните CD-дискови, а ќе се запознате и со CD re-writable технологијата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.