Рубрика: Автомобилска техника
Нисан ПИВО
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Добро познатата и широко распространета максима "технологијата во служба на човекот" кај Нисан Пиво добива уште една дополнителна димензија. Негова главна одлика е ротирачка кабина за 360 степени, систем познат од некои градежни машини, а освен тоа Нисан Пиво е преполн и со други хај-тек придобивки со кои ова јајцевидно возило прикажува дел од иднината на автомобилите.

Нисан Пиво е возило со кое не мора да се вози во рикверц, освен доколку тоа не се посака, колку за потсетување како се правеше тоа кај обичните автомобили. Концепцијата со ротирање на кабината за 360 степени во добар дел се базира и на истражувањата на тема “возење во рикверц”, кои се извршени во некои земји каде што вообичаено се спроведуваат анкети на разноразни теми и области. Добиените резултати го потврдиле она што во практиката мошне често се сретнува - многу возачи се плашат или се чувствуваат мошне непријатно при изведувањето на оваа возачко-маневарска операција.

Кај Нисан Пиво е применет систем на состави кај кои класичните механичко поврзани компоненти се заменети со технолошко напредни "drive by wire" електронски сигнали. На тој начин е решено ротирањето на кабината, но и управувањето со тркалата, сопирањето и менувачот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.