Рубрика: Архитектура и градежништво
Катни гаражи: Прецизна урбано-сообраќајна потреба
Автор: Ненад Тониќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во множеството сообраќајни потешкотии, кои се составен сегмент на комплексното функционирање на скоро секоја современа агломерација, проблемот со стационарниот сообраќај фигурира како особено чувствителна алка во системот од секојдневни урбани патувања. Сообраќајните елементи од типот катни гаражи се токму еден од начините за значително олеснување на овој регуларен проблем на градовите на денешницата, како незаобиколен дел од севкупниот систем површини и објекти наменети за паркирање на моторните возила.

Забрзаниот напредок на науката и техниката на преминот меѓу XIX и XX век, особено материјализирањето и технолошката изведба на концептот на индивидувалното моторно возило, иницирале знаќителна трансформација на дотогаш утврдениот начин и навики на урбаното живеење, низ процес чија непрекинатост се продолжува до нашите денови. Прераснувајќи во составен дел од човековото секојдневие, моторните возила со текот на времето сосема природно го заземаат своето место и во рамките на сè пообемните урбанистички и сообраќајни планерско-проектни активности, со цел нивно оптимално имплементирање во комплексниот систем на функционирање на градските средини.

Составен дел на современиот урбан сообраќај, а истовремено и генератор на незаобиколните потешкотии кои од повеќе аспекти ги предизвикува, е токму стационарниот сообраќај. Основна причина за проблемите кои овој сообраќаен сегмен ги продуцира претставува потребата за значителен простор наменет за лоцирање на неопходните паркинг-капацитети. Дефицитот на површини и капацитети за стационарен сообраќај особено доаѓа до израз во централните градски подрачја. Стандардно високиот процент на изграденост, во комбинација со високата густина на населеност и концентрацијата на разновидни, претежно јавни содржини и функции (административни, услужни, трговски...) го потенцираат ограничениот карактер на расположливото градежно земјиште, оставајќи малку простор за задоволување на паркинг-барањата на секојдневните и периодичните посетители. Токму од тие причини инженерско-планерската потрага по адекватно решение, кое во голема мерка би се прилагодило на двете основни, погоре нагласени појави, ги промовирало повеќекатните капацитети за стационарен сообраќај, популарно познати како катни гаражи.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина