1. Во јуни се навршуваат 24 години од пуштањето во употреба на најдолгиот подводен тунел на светот, Чанал тунел, со должина од неполни 50 km којшто ги поврзува Англија и Франција. Изградбата на овој тунел траеше 7 години и “изеде” 11 машини за пробивање на тунели и околу 6,6 милијарди долари, надминувајќи го планираниот буџет за неверојатни 80%.
2. Швајцарскиот железнички тунел Алптранзит Готард којшто беше пуштен во употреба во 2016 година е долг околу 40-тина километри. При изработката на овој тунел за задржување на правецот инженерите употребуваа жироскоп којшто секогаш покажува кон север. Причина - ГПС-сателитската навигација е неупотреблива (не функционира) под земја, додека, пак, магнетните компаси не се доволно прецизни.
3. Уште од 70-тите години на минатиот век градот Њујорк го надградува системот аквадукти кој треба да го замени неефикасниот систем на водени тунели. Еден дел од системот, во ригиден американски стил наречен едноставно Воден тунел број 3, треба да биде завршен во 2020 година и ќе вклучува речиси 100 km од тунели широки од 30 до 70 метри.
4. Градот Њујорк има толку многу тунели што некои од нив биваат заборавени и изгубени. Најстариот тунел од подземната железничка линија, конструиран далечната 1844 година, лежел заборавен по авенијата Бруклин-Атлантик сè до 1979 година.
5. Природните вулкански тунели, наречени лава-цевки пред 12000 години, во времето на праисторијата, во Чиле биле употребувани како домови од тогашните жители.
6. На субатомско ниво природата гради тунели постојано. Феноменот квантно тунелирање им дозволува на честичките одеднаш да се појават на места каде што не треба да се наоѓаат, како да го прескокнале просторот од точката А до точката Б :).
7. Овој ефект е искористен кај некои видови микроскопи кои даваат толку прецизна слика што притоа може да се забележат и поединечни атоми.
8. Човекот, исто така, постојано прави тунели од најразлични побуди - во 2005 година американското ФБИ откри и затвори тунел којшто го направиле и употребувале кријумчарите на дрога, а којшто водел од Британска Колумбија, во Канада, до државата Вашингтон, во САД. Криумчарите биле откриени кога големо количество дрво и железо го снемувало во крујумчарските колипки.
9. За време на војната во Виетнам, виетнамската армија на просторот северозападно од градот Хо Ши Мин направила мрежа од тунели чијашто вкупна должина е поголема од 250 km. Американските војници коишто се впуштале во истражување и “чистење” на овие тунели биле соочени со разноразни замки коишто вклучувале лажни подови под кој се наоѓала јама со колци намачкани со отров.
10. За време на Втората светска војна заробените сојузнички војници затворени во воениот логор Шталаг Луфт 3 избегале копајќи тунел од којшто пред очите на нивните чувари извлекле 200 тони земја. Земјата, која ја пакувале во вреќи направени од стари чорапи, ја расфрлале низ нивните ногавици наоколу по логорот.