Емитер 7-8/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако сте се заинтересирале за 3Д анимација и како се прави, во овој напис ќе ги запознаете правилата и принципите кои се користат уште од "златното доба" на анимираниот филм. Исто така, во овој напис, со помош на програмата MAYA, ќе анимираме топка која потскокнува низ запален обрач.
ПРИНЦИПИ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА АНИМАЦИЈА
Анимацијата претставува процес на цртање и фотографирање на карактерот (личност, животно или објектот) во одредени позиции за да се креира впечаток на движење. Анимацијата во исто време претставува и занает, тоа е процес во кој цртачот, илустраторот, уметникот, сценаристот, музичарот, камерманот и режисерот ги комбинираат сите свои знаења за да креираат но во вид на уметник наречен АНИМАТОР. Работата на аниматорите е уникатна. Тие им даваат живот на своите цртежи, креирајќи од нив карактери и индивидуи, кои имаат способност да мислат и чувствуваат. Порано беше пожелно аниматорот да е добар цртач, за да може да биде способен да ги карикира и драматизира одредените движења на карактерите. Меѓутоа вреднувањето на аниматорската работа во голема мера зависи од способностите за глума на самите карактери, или попрецизно кажано, од тоа во колкава мера тие имаат способности да и ги пренесат емоциите на публиката. Сето ова зависеше од талентираната рака на цртачот. Денес не е потребно аниматорот да има талентирана рака, бидејќи денешниот 3Д-аниматор работи во тридимензионалниот простор од одбраната програма за 3Д-анимација на својот компјутер. Така што денес потребно е 3Д-аниматорот да има бујна фантазија и добро око за да ги забележи несаканите деформации на моделот при неговото анимирање.

ПРАВИЛАТА И ПРИНЦИПИТЕ
Во последниве неколку години, ренесансата во анимацијата како форма на масовна забава повторно ги враќа во игра старите правила и принципи на работа, кои беа создадени во “златното доба”, а се користат с# до денес. Во продолжение накратко ќе ги објасниме тие правила и принципи на анимацијата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.