Рубрика: Енергетика
Соларни колектори во домашна изведба (1)
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Струјата ќе биде сé поскапа, а Сонцето е бесплатно. Како да се искористи бесплатната енергија од сонцето кога сончевите колектори не се евтини? Решението е самоградба со помош на евтин и лесно достапен материјал според нашиот проект.

Поттикнати од акцијата на Владата на Р. Македонија за заштеда на електрична енергија и нејзиното партиципирање во цената при набавката на соларен систем  за загревање вода, решивме да ја предизвикаме со самоградба на колектори какви што не се наоѓаат во продажба, за што можеби ќе понуди поголема партиципација wink.  Иако државата не го помага нашето списание, ние сепак го следиме нејзиниот апел за заштеда на енергијата, едуцирање на граѓаните и подобрување на економската состојба на семејствата преку самоградба на колектори.

Во ЕМИТЕР бр.7/8, 9 и 10 од 2003 година ги објаснивме основните најважни параметри до кои треба да се придржува секој кој сака да направи добар и ефикасен колектор. Таму беа наведени и неколку можни примери на колектори какви што најчесто се продаваат кај нас.

По обиколката на неколку продажни салони во кои се изложени колектори, претежно од домашно производство, едноставно со разочарување констатирав дека неколкуте колектори (рамни колектори) кои се нудат на пазарот не ги задоволуваат критериумите за добра ефикасност. Доколку ги споредите табелите од написите во споменатите броеви, се забележува дека производителот поради заштеда на материјал и полесна изработка се откажал од потребната ефикасност на колекторот.

Изглед на колекторот во заштитната кутија пред поставувањето на изолацијата

Во нашава земја сонцето е прилично силно, па и колектор во кој не се запазени потребните “ситници” ќе ја загрева водата прилично добро во летните месеци, но во сезоните пролет/есен ефикасноста ќе биде слаба, а за во зимските месеци и да не зборуваме.

Решивме да ви прикажеме интересен начин како да направите евтин (и до 60% поевтин во однос на оние кои се продаваат) и ефикасен систем за соларно загревање на водата со рамен колектор. Во Емитерите кои ги наведовме погоре во текстот убаво пишува дека најефикасен рамен колектор е плочестиот колектор. Таму е опишано како тој се произведува во индустриските постројки од бакарен лим што, за жал, во домашни услови е невозможно.

Но, најоригиналните идеи честопати доаѓаат сосем случајно, па така разгледувајќи ги можните опции при планирањето на етажно парно греење за следната сезона, кое ќе биде исто така прикажано за ЕМИТЕР, се дојде до идеја дека лимениот панелен радијатор може да се искористи како многу добар плочест радијатор иако е изработен од челичен лим а не од бакарен...

Главни елементи и материјали:

Панелен радијатор ТИП 22,
Железна винкла,
Поцинкуван лим,
Стиропор,
Минерална волна (тервол),
Термопан со
4mm стакло,
Материјал за монтажа

 
Клучни зборови:
Класичен панелен радијатор пред раздвојувањето

Класичен панелен радијатор пред раздвојувањето

Изглед на колекторот во заштитната кутија пред поставувањето на изолацијата

Изглед на колекторот во заштитната кутија пред поставувањето на изолацијата


Сончевиот колектор во изведба на Митко Иванов од Кочани

Сончевиот колектор во изведба на Митко Иванов од Кочани

Сончевиот колектор во изведба на Митко Иванов од Кочани

Сончевиот колектор со малку модифицирана изведба на Митко Иванов од Кочани. Митко успеал да направи во самоградба и котел за да може да го користи како дел од системот поврзан со камин печката.

Сончевиот колектор со малку модифицирана изведба на Митко Иванов од Кочани

Сончевиот колектор со малку модифицирана изведба на Митко Иванов од Кочани, за да може да го користи како дел од системот поврзан со камин печката.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.