Рубрика: Фототехника
Panasonic Lumix DMC TZ3
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Панасоник е една од компаниите кои се најзаслужни за постоењето на големиот зум кај дигиталните фотоапарати од најраспространетата и најпопуларната, компактна класа. Мисијата продолжува и со еден од неговите најнови производи. Се работи за моделот DMC TZ3, 7,2-мегапикселен фотоапарат кој привлекува особено внимание и со својот 3-инчен екран и широкоаголен објектив.

Моделот DMC TZ1, промовиран минатата година, беше најмалиот дигитален фотоапарат со 10-кратно оптичко приближување во моментот на лансирањето. Воедно, тој на некој начин и означи дека оваа мегапопуларна јапонска компанија нема да остане само на тој и така конципиран модел. Впрочем, и бројот 1 кој ја придружува буквената ознака на моделот укажува(ше) дека (ќе) следуваат нови модели. Така и се случи. Од неодамна, Панасоник DMC TZ1 доби двоен наследник, во вид на моделите DMC TZ2 и DMC TZ3.

Севкупно, DMC TZ3 е уште еден исклучителен и убаво дизајниран компактен фотоапарат, достапен во три бои (црна, сина и сребрена) и проследен со одличната оптика на Leica и квалитетот на електрониката на Панасоник кои се гарант за добивање на одлично снимен материјал.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.