Емитер 11/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мини – тоа е неговото ремек-дело. Прекрасен, зачудувачки одличен и оригинален дизајн кој го разбранува автомобилскиот свет и пошироката публика. Кога на ова ќе се додадат и мноштвото технички новитети и оригинални, а за тоа време невообичаени конструктивни решенија на механиката кои се кријат под предниот поклопец на моторот и под каросеријата, слободно може да се констатира дека се работи за возило кое и денес ги запира погледите и мами воздишки. Односот кон ова возило е како кон најслаткото милениче кое може да се посака. Без сомнение, светот виде како се прави мал градски автомобил, а творецот е Алек Исигонис кој го посветил својот живот на малечкиот автомобил.
Александер Арнолд Константин Исигонис (Alexander Arnold Constantine Issigonis) не бил под влијание на автомобилите додека бил дете. Првиот автомобил го видел кога имал 12 години. Можеби затоа на 50-годишна возраст можел во целост одново да го открие автомобилот. Неговиот “Мини” бил сосема поинаков од што и да е друго во она време. Алек Исигонис размислувал надвор од општоприфатените рамки.
Првата скица на Мини
Кога “Остин” (Austin) се споил со “Морис” во 1952, препирките меѓу работниците на двата поранешни конкуренти го разочарале Исигонис. Тој се префрлил во “Алвис” и дизајнирал спортски седан со V-8 мотор. Кога “Алвис” решил да не го произведува автомобилот во 1955, тој се вратил во Moris-Austin, сега наречен British Motor Co. Како главен инженер, тој веднаш оформил наменски тим што ги простудирал неговите идеи за малечок автомобил. Го погодил вистинскиот момент. Суецката криза во септември 1956 довела до рационализирање во снабдувањето со горива, и неговите шефови му побарале да дизајнира автомобил што ќе биде помал од моделот Moris Minor, ќе собира четири патници и ќе користи постоечки мотор.
Исигонис се зафатил со работа...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.