Емитер 11/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како што кажавме во минатиот број, во еколошката куќа се вградени три системи за производство на енергија: систем за производство на електрична енергија од сонце, систем за производство на електрична енергија од ветер и систем за производство на топлинска енергија од сонце. Во овој број подетално ќе го опишеме системот за производство на електрична енергија од сонце кој се состои од 8 фотонапонски панели со вкупна моќност од 1 KWp.
Вградените фотонапонски панели (во понатамошниот текст PV-панели) се производ на Photowatt – Франција. Овие панели фирмата Сието повеќе од пет години ги вградува во своите системи за електрично напојување од сонце на целата територија а Макеоднија. Во изминатиов експлоатационен период овие панели се покажаа особено погодни за примена во македонското поднебје, каде што температурите варираат помеѓу –25ºC во зима и +45ºC во лето, или како што вели Влатко Стефановски, во Македонија имаме "изгор лето – кочан зима".
PV-панелите се изработени од поликристален силициум и се со ефикасност поголема од 14%. Фотоосетливите ќелии се стиснати во сендвич од специјално калено стакло од горната страна и од полимерна маса од долната страна. Оваа комбинација е затворена од страните со алуминиумска рамка која дава дополнителна цврстина на панелот. Од задната страна се наоѓа приклучната кутија за каблите преку кои се одведува струјата. Во овој, втор дел од написот даваме опис за шемата на поврзување на наведените PV панели, начинот за оптимално користење, за складирање на вишокот енергија како и негово евентуалнио пуштање во оптек во енергетскиот систем на Македонија. Исто така ви ги презентираме и резултатите од неколкумесечното функционирање на проектот прва еколошка куќа во поглед на произведена и заштедена електрична енергија.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.