Рубрика: Аудио и видеотехника
NAD Masters series
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Целата Masters Серија, освен основните дизајнерски решенија на предниот панел изработен од легура на алуминиум и цинк

NAD Masters серијата е составена од неколку врвни уреди, кои веќе на прв поглед го одземаат здивот. Со своите перформанси го потврдуваат и надградуваат високото место на NAD во компетитивната висока класа на хаф-фај и системи за домашно кино. Освен одличните оцени во стручните списанија, посебно признание за NAD пристигна и од Европската асоцијација за звук и слика (EISA), која комбинацијата M15/M25/M55 ја прогласи за хигх-енд систем за домашно кино за 2006-2007 година.

Во 1972 година, под изворно име New Acoustic Dimension, е формирана фирмата која значително ќе го збогати светот на аудиотехниката и која на љубителите на квалитетниот звук ќе им понуди нешто што одамна го посакувале – исклучително квалитетни уреди по сосема прифатлива цена. На пазарот не му требаше многу време да ги препознае предностите на така конципираните апарати, па производите на NAD веднаш се вброија во новоформирана група на т.н. евтини езотерични уреди. Заради доследноста и истрајноста во својата работа, NAD ја доби довербата на бројни и верни корисници. Тоа се луѓето кои секогаш ги ценат основните начела според кои оваа фирма ги конструира своите производи – квалитетни и релативно едноставни производи со специфичен изглед понудени по конкурентна и прифатлива цена.

Еден high-end уред, пред сè, подразбира бескомпромисна изработка и педантно уредување на електрониката и придружните елементи. Масивните ладилници ги сочинуваат бочните страни на уредот – интегралниот засилувач NAD M3.

Кон крајот на минатиот век, NAD излегува од рамките кои самата си ги постави и дел од својата програма ја насочува во категоријата каде не беше застапена, кон придобивање на нови клиенти кои дотогаш потребите ги задоволуваа со други производители. Во 1999 година NAD ја лансираше мошне ценетата Silver серија составена од CD-репродуктор, излезен засилувач, предзасилувач, радиоприемник и интегрален засилувач - уреди за составување на една комплетна истоимена линија. Со оваа серија, NAD го направи големиот чекор во својот развој и го означи својот влез во елитното high-end друштво, во кое членството се обезбедува со највисок квалитет, врвен дизајн и високи цени. После едногодишна пауза од престанокот на производството на Silver серијата, NAD ја пласира својата Masters серија која веќе од самото име јасно дава до знаење за што се работи. Познато е дека се работи за фирма за која не е својствено туку-така да се расфрла со податоци и називи на своите производи. За да ја оправда “звучноста” на новата серија, NAD студиозно работел врз нејзиното создавање, проследено со големи вложувања, истражувања, и тестирања со цел крајните производи потполно да бидат во склад со најригорозните аудио и видеостандарди. Токму затоа вреди малку поблизу да се запознаеме со неа.

 

Клучни зборови:
Целата Masters Серија, освен основните дизајнерски решенија на предниот панел изработен од легура на алуминиум и цинк

Целата Masters Серија, освен основните дизајнерски решенија на предниот панел изработен од легура на алуминиум и цинк, ја поврзуваат и специјалните изолациски конструкциски решенија и изолациски подножја од мешавина на силикон и гума.

Еден high-end уред, пред сè, подразбира бескомпромисна изработка и педантно уредување на електрониката и придружните елементи.

Еден high-end уред, пред сè, подразбира бескомпромисна изработка и педантно уредување на електрониката и придружните елементи. Масивните ладилници ги сочинуваат бочните страни на уредот – интегралниот засилувач NAD M3.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.