Емитер 9/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали секаде каде во вселената постојат планети со поволни климатски услови, какви што се на Земјата, неминовно се појавува живот и потоа еволуцијата, според некоја законитост, неминовно доведува до појава на разумни суштества, како што е човекот?
Дека вселената содржи над 100 милијарди галаксии, а само нашата галаксија содржи приближно исто толку ѕвезди (сонца), е познато речиси веќе цел еден век. Според законот на веројатноста во неа би морало да постојат голем број и други "сонца", кои во својот планетски состав имаат планети со поволни услови за живот ("еко" услови), како на нашата Земја. Бидејќи вселената се состои од исти елементи кои постојат во нашиот Сончев систем, би можело да се очекува дека евентуален живот надвор од нашата планета, по својата основна хемиска структура, треба да наликува на животот на Земјата. Хемичарите би можеле да наведат уште некои такви варијанти, на пример, живот врз основа на силициум, но биолозите велат дека тоа е само гола теоретска можност, која не се базира на цврст документиран факт. Па, еве токму на биолозите ќе им дадеме збор да одговорат на постоечкото многу актуелно прашање: "Дали во вселената секаде каде што постојат услови за живот, тој неминовно се појавува, а потоа според некоја законитост, еволуцијата продуцира разумни суштества слични на човекот, или е сето тоа само случајна појава?"
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.