Рубрика: Електроника
Електронски собен термометар
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бидете во тренд со времето, наместо со живин или алкохолен термометар мерете ја собната температура со помош на електронски термометар кој детално е опишан во текстот што следува. Во него подетално е опишан принципот на работа, начинот на изработка и предностите во однос на конвенционалните термометри.

Во голем број апликации со електронските термометри комплетно се заменуваат алкохолните или живините термометри. Електронските термометри многу побргу реагираат на температурните промени и исто така дозволуваат прикажувањето на температурата да е подалеку од сензорот, ова значи дека сензорот за детектирање на топлината треба да биде во близина на изворот на топлина, додека дисплејот на кој се прикажува температурата со електронското коло може да се наоѓа подалеку од изворот. Овие термометри дозволуваат поголема флексибилност при употребата. Во однос на конвенционалните се попрецизни, а нивната прецизност директно е зависна од сензорот. Овие електронски термометри, исто така, можат да се користат за мерење на температурата во поголемо температурно подрачје. Едноставно може да се каже дека опишаниот термометар во нашиов проект не е од последниот збор на техниката во однос на опсегот и точноста, но намерата ми беше да изработам електронски термометар кој ќе ја мери и покажува собната температура, а не да биде со професионални атрибути, а сето тоа значи многу поголеми вложувања за негова реализација со компоненти кои многу тешко ќе можете да ги најдете на нашиот скромен (да не кажам беден) пазар. Во нашиов електронски термометар температурниот мерен опсег е ограничен (лимитиран) на 10ºC и истиот се прикажува на скала-дисплеј со 10 лед диоди со чекор од 1ºC. Нормално, колото за цело време е исклучено за да се заштеди алкалната батеријата од 9V, а по потреба се вклучува преку тастерот TS1 кога сакате да ја отчитате температурата.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК311
ИК: 4093, 4017 NTC
термистор 20k
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.