Рубрика: Автомобилска техника
"Откачени" погони за автомобилите
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во текстов што следува ќе се запознаеме со неколку "откачени" погони за возилата а на крајот ќе биде даден еден пример како треба (не треба) да се размислува при креирањето на нов погон (од енергетска гледна точка) за моторните возила. Прво ќе следи претставување и кратко запознавање со идејата на погонот за потоа да биде таа прокоментирана.

Глобално гледано и од аспект на феноменот на кружниот тек на јаглеродот (кружењето на јаглеродот во природата), за среќа, при крај се резервите во наоѓалиштата на фосилните горива. Човештвото веќе е во потрага по ново гориво. Спасоносно би било новото гориво да не ја нарушува глобалната природна рамнотежа по ниеден основ. Меѓутоа, на ова поле треба допрва да се работи (истражува, испитува, проверува,…) а сега, јас во овој текст, ќе се обидам да прокоментирам неколку оригинални досетки кои, верувам дека ќе го задржат вашето внимание. Ќе ги разгледаме моторот со внатрешно согорување на јаглен, Југото на дрва или јаглен и автобусот со замајна маса.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.