Рубрика: Аудио и видеотехника
Квадрофонија
Автор: Мирослав Китаноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во денешното процесирање на аудиосигналите тренд претставува сараунд техниката, која е, всушност, повеќеканална аудиотехника. Кога слушателот се наоѓа во просторија во која се репродуцира звук со помош на сараунд засилувач, тој добива чувство дека звукот кружи околу него (оттука и името, surround – кружи, опкружува). Квадрофонијата е еден сличен аудиосистем која иако не доживеа слава како сараунд системите, сепак, вреди да му се посвети внимание, бидејќи по стереотехниката квадрофонијата е првобитна идеја за аудиосистем со повеќе од два канала.

Како четириканален аудиосистем, квадрофонијата освен што дава просторен распоред на звучната слика лево-десно дава и нејзин распоред по длабочина (напред-назад), а со тоа овозможува да се сочуваат акустичните својства на една концертна сала или, пак, на просторот во кој е извршено снимањето. Слушателот на репродуцираниот концерт слуша, на пример, како музиката доаѓа однапред, а аплаузот одзади, како да седи во првиот ред седишта од концертната сала.

Добар четириканален аудиосистем треба да биде компатибилен за моно и стереопренос, треба да репродуцира звук од сите просторни насоки, мора да овозможи користење на носачи на звук, фреквенциски модулиран радиопренос и да биде економичен. Во светот постоеле повеќе четириканални системи (QART, Dynaco, Dorren итн.), но своевремено ниеден од нив не бил стандардизиран.

Дали би можеле да го замислите чувството кога во својата соба или во која било затворена просторија би ја слушнале репродукцијата, на пример, на легендарната Another Brick in the Wall, од незаменливите Пинк Флојд, и кога би помислиле дека околу вас навистина кружи хеликоптер ?!? Тогаш можеби и би сфатиле зошто луѓето изгледаат и се однесуваат чудно непосредно после спектакуларен концерт на оваа легендарна група.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.