Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Вештачката интелигенција (АИ) денес претставува една од најзначајните технолошки области, со влијание врз речиси сите сегменти од современото општество. Иако често се перципира како нов феномен, ВИ има повеќедецениска историја и е резултат на постепен развој во информатиката, математиката и електрониката. Во овој напис е прикажан развојот на вештачката интелигенција од нејзините почетоци до денешните генеративни модели, со осврт на техничките принципи, реалните можности и ограничувања, како и правците на идниот развој.
Кога списанието ЕМИТЕР започна со издавање пред 30 години, информатичката технологија главно се темелеше на персонални компјутери, локални мрежи и класично програмирање. Во тоа време, ВИ постоеше претежно како академска дисциплина и “живееше” во истражувачките лаборатории. Денес, три децении подоцна, ВИ е составен дел од секојдневната технологија, од мобилните уреди и интернет базираните сервиси, до индустриската автоматизација и научните истражувања.
ВИ повеќе не е футуристичка идеја, туку е реална инженерска и научна алатка. Сепак, нејзината популарност често е проследена со нереални очекувања и погрешни претстави, што ја прави потребата од техничко објаснување уште поголема.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.