Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Иако историјатот на процесорите е многу постар, сепак нашиот преглед ќе го ограничиме во рамките на нашиот јубилеј, периодот од 1995 па до денеска. Не земајте ни за зло поради површната ретроспектива – сепак, ова е тема што лесно би можела да заземе многу поголем број страници, но сепак мораме да оставиме место и за другите.
Историјата на процесорите на AMD и Интел од 1995 до 2025 година е приказна за жестока конкуренција, обележана со периоди на промена на водечката позиција на пазарот, иновации, имплементации на нови, револуционарни технологии и архитектурни иновации и, од неодамна, фокус на голем број јадра, енергетска ефикасност и интеграција со вештачка интелигенција. Имено, процесорите сами за себе се наметнаа како водечко парче хардвер, на коешто можат да му парираат само графичките карти според популарноста.
Историјатот на ова по многу нешта “знаменито” парче хардвер датира од многу порано пред првиот број на ЕМИТЕР, но пред сè поради обемноста на оваа тема, овојпат ќе се задржиме само на површен преглед на неговиот развој.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.