Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Авионот Су-30 е првиот повеќенаменски борбен авион од фамилијата Су-27. Наменет е за изведување на ловечки мисии и прецизни борбени дејства со современи оружја на мали и големи далечини. Вградената современа електронска опрема и палетата на современи оружја му овозможуваат изведување на различни борбени мисии во сите временски услови, преку ден и ноќ, а хибридната конструкција и моќните издржливи мотори со управливи млазници му овозможуваат суперманеврабилност како што се маневрите ,,кобра” и ,,ѕвоно”.
Во 1986 година на барање на ВВ ПВО на тогашниот СССР, врз основата на двоседиот школско-борбен авион Су-27УБ, е започнат развојот на Су-30, со цел создавање на чиста борбена верзија која би се користела како пресретнувач со голем дострел, но и како команден авион за едноседите ловци Су-27. Сепак новите светски трендови во борбената авиација во овој период од практични причини тежнееја кон создавање на повеќенемански борбени авиони, што даде подтик за развивање на повеќенаменска борбена верзија на Су-30, а со цел задоволување на севкупните барања за потребите на ВВ на СССР. Благодарение на понатамошниот развој, изведен преку редизајнирање на конструкцијата, осовременување на авиониката и зголемување на палетата со борбени средства, е создаден повеќенаменски борбен авион со голем дострел Су-30, кој добива способност за изведување на прецизни борбени дејства како и неговиот западен ривал F-15E. Развиената повеќенаменска борбена верзија поради изведената модернизација ја добива ознаката Су-30М, а извозната верзија е означена како Су-30МК. Првиот прототип на Су-30 прв лет изведува на 31 декември 1986 година, а верзијата Су-30М првиот лет го изведува на 14 март 1992 година. Сериското производство на Су-30М започнува во 1996 година, но поради распадот на СССР и големата економска криза, производството и набавката на Су-30М е значително успорена. Во текот на 90-тите години, развиена е и едноседна борбена верзија (прототип), која ја добива ознаката Су-30КИ. Со воведувањето во употреба на авионот Су-30М, започнато е постепено заменување на постарите модели на ловците Су-27 и МиГ-31.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.