Емитер 207 - 12/2024.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Новинарски куќи и социјални мрежи одбија Apple да тренира ВИ со нивни податоци; Нови состојби на материјата во квантниот рамнопростор?!; Орбитално лансирање без ракети?!; Прва фотографија во гро-план на ѕвезда надвор од нашата галаксија; Мозокот ги интегрира спомените преку постојано ажурирање; Кинезите ги (пре)стасаа Интел и АМД во сферата на чиповите?; Дел од Атлантикот се лади со рекордна брзина и никој не знае зошто; Робот-забар успешно ја изврши првата операција; Nvidia го надмина Apple и стана највредна компанија во светот; Исланд ќе добива електриЧна енергија од вселената?; На повидок квантен интернет; Британските кучиња први ќе јадат месо од епрувета; Марс има океан под тлото?; Наскоро дисплеи за облекување; Една “рунда” антибиотици може да го измени микробиомот со години; Дали постои врска помеѓу изборот на милениче и личноста?;
На повидок квантен интернет
Истражувачите дизајнирале нов вид предавател-приемник кој би можел да испраќа сплотени фотони преку оптичко влакно. Концептот би можел да значи спојување на „квантниот интернет” со сегашните телекомуникациски технологии. Имено, Квантниот интернет би можел да го искористи чудниот ефект на квантното сплотување за креирање на непробојно шифрирање на податоците што се пренесуваат. Ниту самите квантни компјутери, кои с# уште се во фаза на развој, не би можеле да ја нарушат безбедноста на квантниот интернет.
„За квантниот интернет да го направиме реалност, треба да сме способни да пренесеме сплотени фотони преку фибероптички мрежи”, вели Михаел Куес од Универзитетот Лајбниц во Хановер во Германија. „Исто така, сакаме да продолжиме да ги користиме оптичките влакна за конвенционален пренос на податоци. Нашето истражување е важен чекор за комбинирање на конвенционалниот интернет со квантниот интернет”.
Куес е постар автор на трудот објавен во Science Advances, во кој истражувањето е детално објаснето.
Тековните методи за пренос на квантно сплотени информации вдолж оптичкото влакно вклучуваат спектрално мултиплексирање. Оваа техника комбинира мешавина од фотонски фреквенции (бои) со сплотени информации, коишто на другиот крај треба да се “одвојат” . Но, авторите на новата студија велат дека „се потребни поефикасни пристапи во однос на ресурсите”.
Досега не беше возможно да се користи конвенционален и квантен пренос на интернет во оптичко влакно фокусирано на една боја. „Заплетканите фотони го блокираат податочниот канал во оптичкото влакно, спречувајќи негова употреба за конвенционален пренос на податоци”, вели коавторот Јан Хајн, докторант од групата на Куес.
„Со брз електричен сигнал можеме да ја промениме бојата на ласерскиот пулс, за да се совпаѓа со бојата на сплотените фотони”, објаснува првиот автор Филип Рибелинг, исто така од Универзитетот Лајбниц во Хановер. „Овој ефект ни овозможува да ги комбинираме ласерски импулси и сплотените фотони со иста боја во оптичкото влакно и на крај повторно да ги одвоиме”.
Со овој метод денешниот интернет би можел да се спои со квантниот интернет. Фотоните сега можат да се испраќаат во истиот колор канал истовремено и како квантен и како конвенционален интернет пренос.
„Нашиот експеримент покажува како успешно да се изведе практичната имплементација на хибридните мрежи”, вели Куес.
Н. С.
Орбитално лансирање без ракети?!
Замислете кога би било можно да лансираме сателити во орбитата без користење на ракети, ниту било каков погонски систем, туку инструментот или било кој товар сам да стигне во орбитата. Група на кинески научници го предлага токму тоа, да се изгради машина која ќе го користи принципот на магнетна левитација за лансирање.
Идејата е да се искористи центрифугалната сила, т.е. товарот кој се лансира да е прицврстен за ротор кој ќе се врти доволно брзо така што во моментот на испуштањето, товарот да има доволна брзина за да остане во орбитата. Тие предлагаат овој систем да се изгради на Месечината.
Предноста е што таму нема атмосфера, па при лансирањето нема да има триење кое може да го загрее и уништи она што се лансира. Исто така, брзината која е потребна за да се постигне орбита е помала.
Во однос на тоа што би се лансирало, се предлага Хелиум-3, изотоп на хелиумот за кој се смета дека е најдобро гориво за фузиони реактори и кој може релативно лесно да се добие со рударење на површината на Месечината.
Системот за лансирање би бил напојуван од сончеви и нуклеарни извори на енергија, а после лансирањето, над 70 проценти од енергијата потрошена за забрзувањето на роторот би се повратила при кочењето и складирала за повторно користење.
Системот би тежел околу 80 тони, би бил компактен и би било можно да се постави на Месечината со користење на кинеската ракета за лансирање на супер-тешки товари. Проектот би можел да се реализира во соработка со руската вселенска програма.
Главните предизвици за реализација на проектот се поставувањето на површината на Месечината, стабилноста при високоте брзини на ротација, и посебно, испуштање на товарот, како и оторноса на ниските температури месечевата прашина и вселенското зрачење.
И. Ш.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.