Емитер 207 - 12/2024.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овој електронски склоп е многу корисен затоа што спречува „прегорување” на осигурувачот во моментот на вклучување на некој електричен уред. Освен тоа, го продолжува животниот век на електричните уреди приклучени на него. Се препорачува користење на ваков склоп кај сите електрични уреди кои користат трансформатор помоќен од 300 VA.
При вклучување на трансформатори, електрични мотори и други индуктивни уреди во електричното коло, се јавува многу голем струен импулс, кој иако е краткотраен (додека да се воспостави магнетниот флукс), може да предизвика проблеми. На пример, во моментот на вклучување на трансформатор во струјното коло, осигурувачот „прегорува” односно автоматски го исклучува уредот бидејќи почетниот струен импулс може да е многукратно поголем од јачината на струјата која тече при нормална работа на трансформаторот. Освен кај уреди со индуктивни товари, ваков почетен струен импулс се јавува и кај уреди што имаат големи кондензатори (додека не се наполнат кондензаторите). Ваквите струјни импулси, при вклучување на електричните уреди се несакана појава и го скратуваат векот на траење на самите уреди, а често пати предизвикуваат „прегорување” на осигурувачот во моментот на вклучување на уредот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.