Рубрика: Аеронаутика
Крила за слободно летање и ултралесни летала
Автор: Влатко Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако Природата сакала човекот да борави само по земјата, ќе го всадела со длабоки корења, доколку сакала луѓето да летаат, ќе имале крилја како птиците. Творецот му дал избор на човекот, самиот да се определи.

Летањето на човекот отсекогаш живеело во мечтите и била негова омилена опсесија. Со поглед насочен нагоре копнеел да лета како птиците. Му требале само доволно големи крилја што ќе го понесат во воздухот, соодветно прицврстени на него и со можност за управување. Во реалноста, летањето романтично почнуваше од поединци, се развиваше во воената индустрија и бизнисот, и стана дел од човештвото. Крилата за слободно летање и ултралесните летала во масовно производство се појавија последни и се единствените нешта кои својата примена прво ја најдоа во цивилството – за забава, спорт и задоволство на луѓето, во една космополитска атмосфера и заедница. Главен стожер на оваа авијација кај нас и во регионот е “Хели Клуб” од Скопје. По повод педесетгодишнина од основањето на оваа важна институција за “лесни летала”, како ги викаа тогаш, ќе дадеме вовед во оваа спортска авијација.

Воздухоплови што не се опфатени од ИКАО (меѓународно не-стандардизирани летала)

Воздухопловите што не се опфатени од ИКАО немаат меѓуна­род­ни легислативи и регулативи, и не ги исполнуваат стандардите на ИКАО. Ги има во неограничен вид, форми и начин на управу­вање. Дури и имињата што им ги даваат во светот се некомпати­билни меѓу светските јазици и исклучително тешки за превод, затоа нивното регулирање е отежнато. Кај нас беа наречени со сега веќе стар и застарен термин “лесни летала”, кој кога ќе се преве­де на англиски не го доловува значењето и создава конфузија. ЕУ Регулативата 1592/2002, во Анекс II дава опис кои летала не се опфа­тени со нивните стандарди за пловидбеност. Групи или катего­рии на овие воздухоплови според нашите прописи се: Крила за слободно летање, Моторизирани крила и Утралесни летала.

Клучни зборови:
Моторен змај со подвозје

Моторен змај со подвозје

Змај класа 5

Змај класа 5

Ултралесен хеликоптер

Ултралесен хеликоптер

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.