Рубрика: Електроника
Електронски ЈСП систем
Автор: Дејан Пејчиноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Јавниот градски превоз е од клучно значење за функционирањето на еден град и неговиот сообраЌаен ред, кој непосредно влијае на намалување на сообраќајниот метеж. Јавните сообраќајни претпријатија (ЈСП) можат да го организираат и оптимизираат својот систем со премин кон дигитален систем базиран на електронски RFID картички. Придобивките се големи и многубројни, а широката распространетост на оваа технологија го прави преминот од хартиен билет кон RFID картичка сосем едноставен од кориснички аспект.

Добро организиран градски превоз нуди и второстепени бенефиции, како намалено загадување на воздухот, поголемо задоволство на граѓаните и намалени трошоци за превоз.

Користењето на електронски билети нуди мноштво предности, дел од нив е можноста за водење статистика за продадени билети и статистика за автобуските линии во кои овие билети биле искорис­тени. Имајќи ја оваа статистика, која несомнено е полесно да се обезбеди преку RFID картичките (наспроти хартиените билети), ЈСП добиваат можност за оптимизација на својот систем и возен ред.

За пример може да се посочи промена на возен ред, која би соодветствувала со прометноста за дадена автобуска линија. Со тоа, бројот на автобуси кои сообраќаат на линијата може да се зголеми доколку се забележи зголемена прометност или да се намали во спротивниот случај. Промената може да биде следена и во различни временски периоди од денот, каде за линија која сообраќа покрај некое основно школо, би довело до значителни пикови во прометноста во одредени периоди од денот. Ова е само еден пример, но бројот на оптимизации кои можат да се направат во системот на ЈСП е навистина голем.

Дополнително, ЈСП добиваат електронски преглед и електрон­ско зачувување на податоците, а возачите не се оптоваруваат со продавање на хартиени билети.

Самата широка распространетост и едноставност за корис­тење ја прават практично непостоечка препрека за премостување од кориснички аспект при промена од користење хартиен билет кон користење на RFID картичка. Овој факт е значителна придобивка за секое ЈСП кое сака да ја направи оваа промена.

Постојат RFID картички кои работат на различни фреквенции во зависност од нивната примена. Фреквенција од 120-150 kHz користат RFID картички кои најчесто се наменети за идентифи­кација на животни (картички со оваа фреквенција често се користат и кај влезните врати на зградите), картички со фреквен­ција од 433 MHz често се користат за следење на рударите во рудниците итн.

За изработка на хардверот во оваа статија беа користени MIFARE Classic 1K RFID картичките кои работат на 13.56 MHz, фреквенција која се користи за картички со „општа намена”.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.